Рецепт и видео презентација на Домашни рецепти – Старински жолти штангли. За да ги приготвите овие колачи ќе ви бидат потребни следниве состојки: 5 јајца на собна температура, 160 г кристален шеќер, 80 г меко брашно, 250 г маргарин или путер, 50 мл млеко, 200 г шеќер во прав и 300 г мелени ореви.
Постапка: Прво се приготвува кората. Во еден подлабок сад ставете 150 г путер омекнат на собна температура. Додадете приближно половина од кристал шеќерот (околу 80 г) и пенасто изматете го со електричен миксер. Во изматениот путер додадете 80 г брашно и 150 г мелени ореви.
Промешајте со миксерот добро за да се соединат состојките. Ќе добиете прилично густа смеса и тоа е првиот дел од кората. Додека го матите тестото за кората, вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Кога ќе го завршите првиот дел од кората започнете со приготвувањето на вториот дел.
Разделете ги белките од жолчките во посебни садови, а во белките додадете ја втортата половина, преостанатиот шеќер (околу 80 г). Заедно пенасто изматете ги додека шеќерот да се растопи и да се добие цврст и сјаен снег од белки. Во садот со изматениот путер и ореви две-три големи лажици од цврстиот снег од белки (третина или половина).
Изматете со миксер додека да се соединат. Потоа во смесата додадете го и остатокот од белките, но повеќе не матите со миксер, туку полека и внаимателно измешајте со лажица или шпатула. Потребно е смесата да остане пенлива и воздушеста за да биде убава кората кога ќе се испече.
Вака приготвеното тесто рамномерно распоредете го во плех со димензии 30х20 см претходно обложен со хартија. Израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 170-180 степени, околу половина час. Неколку минути пред да е готова кората, пригответе го вториот дел:
Во жолчките додадете 100 г шеќер во прав и заедно изматете ги со електричен миксер додека тој да се растопи и да побели и згусне смесата. Преку печената кора, додека е топла, излејте го кремот од изматените жолчки. Распоредете рамномерно и израмнете.
Колачот се враќа во рерна да се допече уште 20 минути. За фил: 150 г мелени ореви попарете ги со 50 мл врело млеко и промешајте. Во путерот кој ни преостана, поточно 100 г (омекнат на собна температура), додадете го преостанатиот шеќер во прав (100 г).
Добро изматете со електричен миксер додека да стане кремозен. Во вака изматениот путер додадете ги претходно попарените ореви и целосно изладени (ако ги додадете топли во путерот, тој ќе се растопи). Изматете повторно со миксер додека да добиете фино изедначен крем.
После 20 минуи печење, плехот извадете го од рерна (се пече на средина од рерната). Би требало да се формира убава коричка од жолчките, а доколку не се формирала, оставете го колачот уште малку да се допече на пониска температура. Заедно со хартијата извадете го колачот и оставете го врз даска целосно да се олади.
Бидејќи жолчките се исушени, не грижете се ако на неколку места испукаат. Откако колачот убаво ќе се олади, рамномерно распоредете го филот и израмнете го одозгора. За крај наросете малку мелени ореви одозгора и оставете го колачот малку да отстои. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.