Ова е еден стар рецепт за пита со јаболка според рецептот на мајка ми. Толку е сочна што се топи во уста. Состојките се мерат со шолја за чај од 250 мл.
Потребни состојки:
5 јајца
1 ½ шолја шеќер
½ шолја млеко
1 шолја масло
2 шолји брашно
1 кесичка прашок за печиво
Фил:
2 кг покрупни јаболка
200 г шеќер
малку цимет
1 ванилин шеќер
Постапка:
1.Добро изматете ги јајцата со шеќерот, додека тој да се растопи, па додадете млеко, масло, брашно и прашок за шечиво.
2.Половина од смесата излејте ја намастен и набрашнет плех со средна величина, па ставете 10-тина минути во загреана рерна на 190 степени, колку да се запече.
3.За фил: Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги јаболката, наросете ги со шеќерот и динстајте ги на умерен оган додека да испари течноста.
4.Во динстаните јаболка додадете цимет и ванилин шеќер, промешајте и внимателно излејте врз запеченото тесто. Рамномерно распоредете.
5.Врз јаболката прелијте го вториот дел од тестото, па вратете го колачот во рерна. Испечете го до крај, проверете со чепкалка кога е готов.
6.Колачот се пече на 180-190 степени во претходно загреана рерна. Печениот и изладен колач се сече на коцки, а по желба се наросува со шеќер во прав.
Coolinarika.com