Рецепт и фотографиии на Верица Николиќ. Ова е еден од наубавите брзи и лесни колачи кој нема кој не го сака. Тестото е меко како сунѓер, не е суво, а вишните даваат освежителен и неодолив вкус поради кој сигурно ќе посегнете по уште едно, и уште едно парче… Еве што ви е потребно:

колач со вишни – Верица Николиќ




колач со вишни – Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 150 г шеќер, 200 мл јогурт, 150 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лимон – рендана кора, 50 мл масло, 400 г вишни (може свежи, а може и смрзнати, важно е да се исчистени од семки)




ПОСТАПКА: Вишните се ставаат во цедалка добро да се исцедат. Плехот за печење од 30 цм x 20 цм премачкајте го со масло и посипете го со брашно. Истресете го вишокот брашно (или покријте го садот за печење со хартија за печење).




Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Во посебни садови одделете ги јајцата на белки и жолчки. Во подлабок сад ставете ги белките и цврсто изматете со постепено додавање шеќер.

колач со вишни – Верица Николиќ




Матете додека шеќерот целосно да се растопи, а снегот не паѓа од садот кога ќе го превртите. Додајте ги жолчките една по една и непрекинато матете со миксерот додека да добиете смеса од пенеста структура.




Потоа, во тенок млаз додајте јогуртот, па маслото и на крај додајте ситно рендана кора од лимон, и повторно изматете. Најпосле додајте ги сувите состојки, односно мешавината од брашно и прашок за печиво.




Изматете со најмала брзина на миксерот додека смесата да стане хомогена без грутчиња од брашното. Половина од тестото рамномерно се истура во тавата, се израмнува и рамномерно се распоредуваатта половина од добро исцедените вишни.




Ставете во загреаната рерна да се потпече колку да фати кора. Извадете ја тавата, прелијте го остатокот од тестото и распоредете го остатокот од вишните. Вратете го колачот внатре во рерната да се допече (пробајте со чепкалка за заби – колачот е печен ако излезе сува кога ќе го боцнете).




Испечениот колач изладете го и исечете го на коцки. Можете да го посипете со шеќер во прав (јас не ставам шеќер во прав зошто домашните го сакаат колачот токму ваков каков што е). Рецепт и фотографиии на Верица Николиќ.