Старински кифли кои ги правеше мојата баба, па мајка ми, а сега јас на моите деца и внуци – нема подобри. Фотографии и рецепт на Весна Когој – Старински кифлички.

„Овие кифлички ги правеше мојата баба, па мојата мајка, а веќе долго време ги правам и јас за моите деца и внуци. Не се потребни многу состојки само: убава домашна маст, брашно, млеко, квасец и некој џем по вкус.

Фото и рецепт: Весна Когој




Уште е потребно и шеќер во прав околу 250 г плус 2-3 кесички ванилин шеќер. Јас сите состојки ги мерам со тенџерче/ѓезве од половина литар, бидејќи така ги правеа баба ми и мајка ми.

Ќе видете која количина се добива, па вие доколку сакате можете да ја намалите мерката ако ова ви е многу, но јас секогаш правам толку, бидејќи овие кифлички можат да стојат многу долго и секогаш се еднакво убави”, вели Весна.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 ѓезве (од 500 мл) преполно, маст, 3 ѓезвиња (рамни) меко брашно + уште едно за домесување на тестото, прстофат сол, 1 ѓезве млеко (1 прст пониско од врвот на ѓезвето), 1 рамна лажица шеќер, 1 коцка свеж квасец. За валкање на кифличките: 250 г шеќер во прав, 2-3 кесички ванилин шеќер.




ПОСТАПКА: наполнете го ѓезвето преку врв полно со маст и истурете ја во подлабок сад каде ќе го месите тестото. Во истото ѓезве мерете го и брашното: во маста додајте три ѓезвиња (рамни) брашно.

Фото и рецепт: Весна Когој




Додајте прстофат сол, па со рацете полека изгмечете ја маста со брашното додека да добиете текстура слична на тарана. Потоа ставете млеко во ѓезвето, еден прст пониско од врвот. Направете вдлабнување во тестото, па тука прелијте го млекото, додајте една рамна лажица шеќер и издробете една коцка свеж квасец.

Фото и рецепт: Весна Когој




Оставете да отстои 10 минути да се активира квасецот. Потоа полека замесете го тестото додека да се изедначи. На целото тесто (кое излегува меко), додајте уште едно ѓезве брашно и убаво измесете го тестото додека да се изедначи.

Фото и рецепт: Весна Когој




Овој пат не се остава да стасува. Веднаш се дели на неколку парчиња, се прават валјаци, се сечат мали парчиња и се развлекуваат кори. Корите се сечат на триаголници, се филуваат со џем по избор и се виткаат кифлички што поситни. Вака витканите кифлички редете ги во плех со мало растојание бидејќи ќе пораснат во текот на печењето.

Фото и рецепт: Весна Когој




Претходно пригответе го шеќерот во прав за валкање: измешајте го со ванилиниот шеќер. Печените кифлички веднаш додека се топли валкајте ги богато во шеќерот. Фотографии и рецепт на Весна Когој.

Фото и рецепт: Весна Когој

II Рецепт: Кифли меки како душа, рецепт со кој не можете да згрешите, излегуваат памук меки. Фото и рецепт: Зорка Јанчева.

Фото и рецепт: Весна Когој




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл кисело млеко, 250 мл обично млеко, 1 коцка свеж квасец (40 г), 4 лажици масло, 1 лажица сол, 1 лажичка шеќер, 1 цело јајце, 3 белки, 1 кг брашно, 200-250 г путер на собна температура за премачкување на корите. За фил: сирење или по желба.

ПОСТАПКА: во млака вода издробете го квасецот, додајте 1 лажичка шеќер и малку брашно, па промешајте да се раствори шеќерот, да нема грутчиња. Оставете да отстои 10 минути за да се активира квасецот и запени.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

За тоа време затоплете го киселото млеко да биде млако, па додајте го активираниот квасец и останатите состојки, па со постепено додавање на брашното замесете убаво меко тесто.




Оставете го покриено во намастен сад да стаса околу половина час на топло место, собна температура. Кога ќе стаса прелијте врз тестото една лажица масло и премесете го, па повторно оставете го да стасува уште половина час покриено со кујнска крпа.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

Потоа тестото е подготвено за работа. Поделете го на толку топчиња колку што сакате да правите кифли, или директо кинете парчиња од него и формирајте топчиња. Топчињата развлекувајте ги во долгнавести кори со овална форма, па преку цела површина намастувајте ги со путер омекнат на собна температура.

фото и рецепт: Зорка Јанчева




На едниот крај засекувајте ги (како што е прикажано на фотографиите), а на другиот крај ставете фил и виткајте ги кифлите. Вака приготвените кифли редете ги во плех обложен со хартија и оставете ги да стасаат.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

Потоа премачкајте ги со јајце или жолчки изматени со малку млеко, наросете ги со сусам по желба и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути. Фото и рецепт: Зорка Јанчева.