Мерката е торта со величина 27х33, висина 5 см.

Потребни состојки:

1 кг бисквити

1 литар силно црно кафе

1 литар млеко

8 лажици брашно

4 кесички ванилин шеќер

8 жолчки

½ кг шеќер во прав

½ кг путер/маргарин

200 г чоколадо за готвење

И уште:

2 шлаг креми

Млеко според упатството на кесичките а приготвување на шлагот

ПОСТАПКА:

Одвојте ги блеките од жолчките. Размислете што ќе правите со блеките, потребни ви се само жолчките. Изматете жолчки со ванилин шеќер, па од литар млеко додадете малку ладно за да ги разматите жолчките, да бидат потечни, да можат убаво да се соединат со млекото. Остатокот од млекото оставете го на оган да зоврие.

Кога млекото ќе зоврие, ставете ги жолчките полека во млекото со постојано матење со жица или со миксер. Вратете на оган да се готви кремот, постојано матејќи со миксерот, за да не се згрутчи кремот. Кога ќе згусне, ставете искршено чоколадо, па матете да се растопи и тргнете на ладно место за да излади кремот.

Путерот кој претходно сте го оставиле на собна темпеатура, измесете го со шеќер во прав, па потоа изматете со миксер. Во изладениот крем додадете го путерот со шеќерот во прав, па уште еднаш добро измиксајте. Кремот е готов.

Сварете силно црно кафе. Секој бисквит на кратко од двете страни потопете го во кафето. Додека е врело кафето помагајте се со лажица-решетка, а потоа можете и само со прсти. Редете ред бисквити, па ред фил. Повторно натопете бисквити, па наредете уште еден ред бисквити, па лесно премачкајте со крем, и така по ред…Завршете со кекс, ако одозгора ставате шлаг, а ако не, тогаш завршете со крем.

Изматете го шлагот според упатството на кесата и премачкајте ја тортата од сите страни. Доколку сакате можете и да декорирате, но доволен е шлагот. Ставете ја тортата во фрижидер убаво да излади, најдобро преку ноќ.