Ефикасен домашен рецепт за отстранување на калус и други проблеми од стапалата
Калусите на стапалата можат да бидат непријатен и болен проблем, особено при одење. Наместо да се одлучите за скапи третмани, ви предлагаме едноставен и природен метод кој дава одлични резултати за само неколку дена.
Овој рецепт користи состојки што најверојатно веќе ги имате дома, а неговата ефикасност е докажана преку лично искуство, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 1 парче парче мек леб или средината од 2 парчиња без кората
– 4 супени лажици оцет (бел, вински или јаболков)
– 1 парче газа
– 1 парче фолија
– 1 чорап (по избор)
– НМД
Постапка:
1. Ако користите парче леб, натопете го парчето во чинија со малку оцет додека добро да се впие течноста.
Доколку користите обичен леб, иситнете го внатрешниот дел од две парчиња, отстранете ја кората и додајте четири супени лажици оцет. Измешајте добро додека да се добие хомогена смеса.
2. Нанесете го натопениот леб со оцет на парче газа.
3. Поставете ја газата со смесата врз фолијата.
4. Поставете го стапалото врз смесата така што калусот на стапалото директно да ја допира, а потоа завиткајте ја фолијата околу стапалото за да се фиксира.
5. По желба, облечете чорап за дополнителна стабилност.
6. Оставете ја смесата да делува преку ноќ или неколку часа. Повторете ја постапката 2 до 3 дена.
7. По неколку дена, калусот на стапалото би требало да омекне и да исчезне, оставајќи ја кожата мазна и без болка.
Овој метод е едноставен, економичен и ефикасен, но имајте предвид дека оцетот може да има непријатен мирис.
За лица со дијабетес или проблеми со циркулацијата, препорачливо е да се консултираат со лекар пред да го применат овој третман. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












