Ова е стар народен лек за искашлување на лепливата слуз кај деца и возрасни, а која се смета за главен причинител за почетен бронхитис.
Потребни состојки, за возрасни:
500 г ливадски мед (може и посилен)
Сок од 1 лимон
3 лажици лененово семе
1 лажица семе од бел синап
Потребни состојки за деца над 2 години:
500 г лесен, багремов мед (или некој друг, посветол мед)
Сок од 1 лимон
2 лажици ленено семе
1 мала лажичка семе од бел синап
ПРИГОТВУВАЊЕ (10 мин):
1.Лененото семе и белиот синап, измелете ги во прав.
2.Исцедете сок од поголем лимон.
3.Во тегла со мед, додадете го лимоновиот сок, и добро промешајте за да се разреди медот.
4.Во вака разредениот мед, додадете ги лековитите, мелени зачини, и убаво промешајте до изедначување.