Потребни состојки:
3 големи лажици шеќер
200 мл млеко
Постапка:
Шеќерот пржете го во лонче и мешајте толку долго додека да се карамелизира, а потоа додадете го млекото и мешајте додека да се растопи.
Кога ќе го додадете млекото карамелот од шеќерот ќе се скамени, ќе стврдне, но полека мешајте додека да се растопи целосно.
Се пие топло и треба да се повтори уште неколку пати додека кашлицата да се смири.