Бо Бугарија има многу свети места за кои се верува дека имаат чудесни лековити моќи. Стотици луѓе секојдневно се упатуваат кон нив со надеж за оздравување, простување на гревовите и за душевен мир.
Едно од најпосетуваните свети места со лечителна моќ е т.н.Стапката на Бородица. Верниците и страдалниците од целата земја и регионот се собираат секој 15 август во месноста Бородична стапка каде се наоѓа одморалиштето со Старозагорските минерални бањи, со надеж за излекување и закрепнување на душата и телото.
Според преданието, во времето на Римското царство, кога регионот бил римска провинција, на искушениците во христовата вера а императоски легионери стационирани во регионот им се појавила Божјата мајка. За да ги убеди дека тоа е најсилната вера, Богородица оставила отпечаток со своето стапало на врвот од карпата под која бил поставен логорот на легионерите.
Римските војници тајно се преобратиле во христијанството и оттогаш областа е претворена во свето место.
Според друго верување, во водата која се собира во стапката, Божјата мајка го избањала своето дете.
Дури и при најжешките горештини, шуплината на стапалото на Девицата е полна со вода. Според легендата, оваа света вода има лековити моќи. Покрај тоа, има пукнатина во истата карпа, проодот низ кој се преминува за прошка на гревовите.
Областа е поврзана и со историјата на Тракијците, кои своите ритуали ги извршувале истото свето место. Се верува дека тие, исто така имале жтрвопринесување за што сведочи и камениот саркофаг, пронајден во близината.
Тука се наоѓале најстарите рудници за бакар во Европа, од каде потекнува силното енергетско зрачење. Се верува дека токму ова зрачење лекува и го зајакнува здравјето.
Со силното позитивно енергетско поле, научниците го објаснуваат и феноменот на исполнети желби. Молитвите на секој што поминал барем неколку часа на чудотворната карпа, се остваруваат.
Физичари по енергетика тврдат дека по Рупит и Крастова Гора, ова е трето најсилно поле со позитивна, лековита енергија во Бугарија. Монасите што ги носеле моштите на Свети Иван Рилски исто така, ја поминале ноќта на ова место.
За да го постигнат посакуваниот ефект, оние што доаѓаат тука, мора да остават нешто од себеси. Затоа областа е украсена со марамчиња, марами, панделки и други лични работи што висат на гранките.