Луѓето имаат тенденција да ги поврзуваат проблемите со срцето со болка во градите.

Но, срцевите заболувања може да се појават на повеќе различни начини и локации – вклучително и во вашите стапала.

Ако видите оток на глуждовите и нозете, дефинитивно вреди да посетите лекар, според NHS. Тоа е затоа што овој симптом може да биде знак дека страдате од срцева слабост.

Отокот на нозете се нарекува едем и претставува акумулација на течност. Може да забележите дека наутро состојбата се подобрила, но се влошува во текот на денот.

Срцева слабост значи дека вашето срце не работи како што треба и има потреба од лекови за да му помогне да работи подобро, според Британската фондација за срце (BHF).

Имено, крвта не се пумпа правилно до вашите бубрези, па овие органи ја задржуваат солта и водата.

Оваа дополнителна течност во вашето тело може да предизвика оток на глуждовите, стапалата или нозете, а понекогаш и во пределот на стомакот, предупреди хуманитарната организација.

Задржувањето на течности е само еден од симптомите што може да ги доживеете ако страдате од срцева слабост.

Дополнителна течност, исто така, може да предизвика нагло зголемување на телесната тежина, според BHF

И ако акумулираната течноста се врати назад во белите дробови, тоа предизвикува отежнато дишење, се додава во извештајот.

Замор, тешкотии при вежбање и чувство на задушување се исто така типични симптоми на срцева слабост, според NHS.

Ноктите од стапалата откриваат какво е вашето здравје: еве што значи нивната боја – Прочитајте ОВДЕ.

Поретки знаци се:

упорна кашлица, која може да биде полоша ноќе
надуен стомак
губење на апетит
зголемување или губење на тежината
конфузија
забрзано чукање на срцето
палпитации, треперење или неправилно чукање на срцето

Постојат неколку други симптоми кои може да укажуваат на тоа дека страдате од срцеви заболувања кои може да ве изненадат.

Гадење

На сите ни се слошува од време на време, а тоа дефинитивно не е секогаш показател дека нешто не е во ред со вашето срце.

Но, треба да бидете загрижени ако чувствувате гадење додека истовремено чувствувате болка во градите.

Ова го рече Дејвид Њуби, професор по кардиологија на BHF Центарот за истражувачка извонредност на Универзитетот во Единбург: – Ако чувствувате интензивна болка во градите дури и кога само седите и не правите ништо, а исто така чувствувате гадење, време е да се јавите на итна помош.

Исто така, вреди да повикате брза помош за совет и ако само чувствувате непријатност во градите, како и ако се чувствувате лошо.

Болката која се манифестира како прободување или печење во градите или стомакот може да биде знак за срцев удар или поврзана со срцев проблем, рече др. Њуби.

Болка во нозете

Сите ние од време на време добиваме грчеви во нозете.

Но, д-р Њуби советуваше да посетите лекар ако почувствувате „стегање и грчеви во листовите додека одите“.

Тој рече дека тоа може да биде симптом на периферна артериска болест, честа состојба во која масните наслаги во артериите го ограничуваат протокот на крв во мускулите на нозете.

Болка во раката

Болката во рацете може да биде уште еден неверојатен симптом дека нешто не е во ред со вашето срце.

Срцевиот удар често предизвикува болка која се шири низ левата рака, но може да ги зафати двете раце.

Веднаш јавете се на итна помош ако се сомневате дека имате срцев удар.