Денес во светот, па и кај нас постојат три групи на луѓе, оние кои кои одат на лекар и безпоговорно ги слушаат неговите инструкции за лекување, постојат луше кои сами, на своја рака, купуваат медикаменти и се “лекуваат” и трета група на луѓе, кои ан блок ги отфрлаат фармацевтските производи и сметаат дека проблемите можат да ги решат на алтернативен начин!
Доколку спаѓате во втората група, оние кои себеси се сметаат за многу едуцирани, за доктори, иако тоа не се, па самите на себе и на своите најблиски си препишувате лекови и си одредувате терапија, прочитајте го овој текст.
Колкумина од вас, пред да почнат да употребуваат некој лек, го читаат упатството за лекот. Особено делот за несакани дејства, односно во кои случаи, одреден лек не смее да се зема!
Пиењето лекови, без лекарска контрола, не е наивна работа, напротив, таа лоша навика може да предизвика бројни здравствени проблеми, па така, лечејќи едно, да се разболиме од второ…
Еден од тие фармаколошки препарати, со кои треба да се биде особено внимателен и да не се зема без лекарски надзор е лекот Омепразол.
Навидум најобичен пробиотик, но што навистина е Омепразол (лек кој го пијат оние кои имаат проблем со чир и киселини во желудникот)?
Омепразол припаѓа на групата лекови кои се инхибитори на протонската пумпа. Тие го намалуваат присуството на киселина во желудникот. Го користат и луѓе кои патат од чир на дванаесетпалачното црево, како и чир на желудникот.
Влијанието на Омепразол на вашето тело
Пред да станете свесни за штетните последици од земање омепразол на ваша рака, треба да знаете дека апчето го запира производството на желудечната киселина во телото, што е важно за правилно варење.
Земање на омепразол во еден подолг период, може да ги прикрие симптомите на рак, може да предизвика психички проблеми, како и недостаток на витамин Б12 во организмот, што пак може да резултира со анемија, замор, проблеми со меморијата и депресија.
Покрај ова, омепразол, исто така, може да предизвика проблеми со дишењето и да се намали производството на киселини во телото, оставајќи го вашиот имунолошки систем поподложен на инфекции на белите дробови и оштетување на респираторниот систем.
Омепразол, исто така, ја намалува апсорпцијата на калциум, што може да ги направи коските кршливи и покревки.
Кога треба да се загрижите, а земате омепразол?
Ако губите телесна тежина без причина и ако имате проблеми со голтањето
Ако имате стомачна болка и лошо варење на храната
Ако почнете да повражате храна или крв
Ако имате темни или црни столици
Ако имате нарушување на работата на црниот дроб
Како што можете да видите, оваа таблета може да биде многу опасна и може да предизвика бројни здравствени проблеми.
Ние не ви велиме да не го земате, туку, да не го земате на своја рака, туку исклучително по препорака на лекар!
Извор: dailyhealthmedia.com