Постојат голем број природни препарати од гавез, јаболкова киселина, лимон или глина, кои во комбинација со медикаментите успешно ги лекуваат болестите на зглобовите, каква што е и артозата на колено.

Овие препарати не се доволни ако болеста многу напреднала, па во тој случај неопходна е и дополнителна терапија. За вас овојпат одвоивме 8 рецепти за приготвување на лекови за зглобови кои се покажале како најуспешни во регенерацијата на оштетеното ткиво.

ОБЛОЗИ ОД ГАВЕЗ

Свежите листови од гавез добро изгмечете ги со помош на оклагија и со нив завиткајте ги болните места, а потоа фиксирајте со пластична фолија и на крај завршете со волнен шал. Оставете да делува преку ноќ. Може да се користи и ситно сечкан свеж корен од гавез, а облозите се применуваат додека болките да исчезнат.

МАСТ ОД ГАВЕЗ

Растопете на тивко 250 г несолена свинска маст или путер, па додадете еден грст ситно исечкан корен од гавез и мешајте половина час. Тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои преку ноќ. Наутро малку загрејте, само колку да се растопи, процедете и чувајте во фрижидер. Мачкајте ги болните места навечер пред спиење, завиткајте ги во пластична фолија, па на крај затоплете ги со волнен шал.

КОМБИНАЦИЈА ОД МЕД И ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Измешајте еднакви делови мед, брашно, јаболкова киселина и комова или сливова ракија. Мешајте додека да добиете изедначена смеса, а потоа нанесете на болното колено и фиксирајте со најлонска фолија и памучен шал. Јаболковата киселина и медот ја смируваат болката и ја подобруваат подвижноста на зглобот.

ГЛИНА И ЛИМОН

Излупете два лимони, отстранете ги семките, а потоа сомелете ги и додадете 4 лажици глина и една белка од јајце. Мешајте додека да добиете изедначена смеса со густина на павлака, а потоа излејте ја врз густа газа или памучна крпа и ставете на болното место. Фиксирајте со пластична облога и шал, па оставете да делува преку ноќ.

ТИНКТУРА ОД ДИВ КОСТЕН

Наполнете стаклена тегла со искршени диви костени и прелијте со комова или сливова ракија. Затворете ја теглата и оставете да отстои на собна температура три седмици. Процедете и натопете памучна крпа, обложете го болното колено и фиксирајте со проѕирна фолија и шал. Оставете да делува преку ноќ. Повторувајте три седмици по ред и артрозата на коленот ќе попушти.

КОЊСКО ОПАВЧЕ И КОПРИВА

Една лажица коњско опавче прелијте со 200 мл зовриена вода и оставете поклопено да отстои половина час. Процедете и пијте пред појадок.

Во текот на денот пијте го следниот чај: Прелијте лажица коприва со 200 мл зовриена вода и оставете поклопено да отстои половина час. Процедете и пијте по 3-4 шолји чај дневно во текот на три дена, а потоа направете пауза од четири дена, па повторете. Болките во коленото ќе исчезнат.

АЈДУЧКА ТРЕВА И ЧИЧОК

Измешајте по четири лажици чичок и ајдучка трева и по две лажици росопас и бел трн, па две лажици од мешавината прелијте со 250 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете и пијте на секој час по две голтки. Терапијата трае две седмици.

КАМИЛИЦА И БОЗЕЛ

Измешајте по три лажици камилица и цвет од бозел, па ставете во памучна врекичка, добро врзете ја и ставете ја неколку минути во зовриена вода. Потоа извадете ја и оставете да подизлади, па ставете ја на болното колено. Фиксирајте ја со пластична фолија и шал. Оставете да делува најмалку два часа. Повторувајте десет дена по ред.