Брзиот начин на живеење условува континуирано консумирање на брза и нездрава храна. Овие намирници го полнат нашето тело со токсини и му наштетуваат на здравјето на целиот организам.
Затоа, потребни се повремени прочистувачки денови и напитоци кои ќе помогнат во добрата детоксикација на телото, а особено на црниот дроб.
Црниот дроб е меѓу најважните органи на човековиот организам, бидејќи е одговорен за елиминација на токсините и апсорпција на протеините.
Заболувањата на црниот дроб се особено проблематични, бидејќи многу доцна се забележуваат од почетокот до дијагнозата, па често поминува доста време до воочувањето на проблемот. Затоа, подоцна е потешко да се лекува.
Со редовна детоксикација и внимавање на исхраната, неоптеретување на панкреасот и здрав стил на живеење, ние доста успешно можеме да го заштитиме црниот дроб.
Ви предлагаме еден рецепт за природна и едноставна детоксикација на овој исклучително важен орган.
Потребни состојки:
-сок од портокал
-сок од лимон
-органски мед
-грст свежо нане
-литар дестилирана/филтрирана вода
Постапка:
Зовријте ја водата, па потоа додадете го нането. Оставете да врие уште околу 5 минути. Потоа садот тргнете го од оган и оставете го да излади додека да стане млак, па процедете го.
Во чајот додадете сок од еден портокал и еден лимон (ако лимонот е органски, тогаш изрендајте ја кората). Медот додадете го на крај, по вкус.
Овој напиток може да се консумира ладен или топол, во зависност од вашиот вкус. Доколку немате свежо нане, користете суво, но секогаш бирајте ја свежата варијанта.
Со редовна употреба ќе се исчисти вашиот црн дроб, ќе се прочистат жолчните канали и ќе се подобри вашиот дигестивен систем.
После 3-4 седмици редовна употреба, направете пауза од 10-тина дена, пред повторно да ја спроведете терапијата.