ЗА ПОДОБРА ЦИРКУЛАЦИЈА
Потребни состојки:
50 цветчиња невен
100 г рузмарин
100 г кантарион
100 г мајчина душичка
100 г семе од коприва
1 литар појака ракија
*Доколку користите суви билки, можете да ја намалите количината за третина или половина. Истите можете да ги купите од Билна аптека.
Постапка:
Сите состојки се мијат и ситно се сечкаат па заедно со ракијата добро се затвораат во стаклена тегла. Се остава 15 дена на сонце или топло место, а секој ден се промешува неколку пати.
Се процедува низ цедалка или газа па се складира во стаклено шише.
Како треба да се употребува тунктурата:
Употреба: се консумира по една супена лажица наутро на гладно и навечер пред спиење.
Дејство: тинктурата oвозможува подобра снабденост на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, склоноста за слепување на тромбоцитите, ја намалува можноста за создавање на тромб, делува на отпорноста и еластичноста на крвните садови, ја намалува нивната пропустливост, ги отстранува болките во нозете, ги намалува отоците, чувството на трнење…
Исто така го намалува и нивото на триглицериди и холестерол во крвта и поволно влијае на функцијата на црниот дроб.