Го обожавам овој колач, посен е, па може да се прави во сите пригоди, а најдобро е што во фиока ги имам речиси секогаш сите потребни состојки. Во продолжение може да прочитате уште неколку рецепти и да одлучите кој сакате да си го направите и кој најмногу ви се допаѓа. Еве што ви е потребно за првиот рецепт – чоколадни медењаци кои се топат во уста:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 лажици брашно, 1 шолја шеќер, 3 лажици какао, малку цимет, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 сол, масло, малку вода, џем по желба, најмногу го сакам од кајсии. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г посно чоколадо (може и масно), 4 лажици масло.




ПОСТАПКА: Измешајте ги сите суви состојки, па додајте сè останато плус 4-5 лажици џем. Масата треба да биде малку погуста од смесата за палачинки. Се пече околу 20 минути на 180-200 степени. Се вади од рерна и се остава целосно да се излади.

Кога кората ќе се олади, пресечете ја на два еднакви делови, хоризонтално и по желба премачкајте со џем, преклопете, па прелијте ја глазурата. / coolinarka.com




(втор рецепт) КРЕМИСИМО ТОРТА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:  2 кесички пудинг од ванила, 2 лажици остро брашно, 2 лажици скроб/нишесте/густин, 100 г шеќер, 1 литар млеко, 250 г путер, 200 г Чоколино намаз (нутела, еурокрем или друг лешников намаз), 5 крем бананчиња, 100 г чоколадо, 700 г кекси, сок од 2 портокали, 2 кесички шлаг пена, 250 мл млеко

ПОСТАПКА: Содржината од пудинг кесичките истресете ја во еден сад, па додајте брашно, густин и шеќер, па разматете со малку млеко додека да добиете мазна, изедначена смеса без грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган.




Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето на страна и намалете ја температурата на огнот. Во врелото млеко додајте ја разматената смеса со пудинг, па вратете го тенџерето назад и варете го со непрекинато мешање додека убаво да се згусне. варете околу 1-2 минути.

За побрзо да се олади сварениот пудинг можете да го претурите во друг сад и да го прекриете со проѕирна-стреч фолија, или пак, промешувајте го повремено додека целосно да излади, за да не фати коричка на површината.

Пенасто изматете го путерот претходно исечкан на ленти и омекнат на собна температура, па започнете постепено во него да го додавате изладениот пудинг. Двете состојки мора да бидат на иста собна температура. Изматете добро додека да се соединат, па смесата поделете ја на три еднакви делови.




Во првиот дел додајте го лешниковиот намаз (чоколино, нутела…), па промешајте додека да се изедначи во еднолична чоколадна смеса, во вториот дел додајте исечкани крем бананчиња, а во третиот дел додајте рендано чоколадо.

Кексите кратко натопувајте ги во сокот од портокал и редете ги на подготвен плех (обложен со хартија или фолија). Врз првиот ред бисквити распоредете го првиот крем, израмнете, па наредете го вториот ред бисквити. Врз нив распоредете го вториот крем и израмнете.




Потоа наредете трет ред кекси, и на карј третиот крем. Израмнете ја тортата. Содржината од кесичките со шлаг пена (или шлаг крем) истресете ги во ладно млеко од фрижидер, па изматете со миксер додека да згусне и да добиете цврст снег. Шлагот премачкјате го врз колачот, па добро изладете (најдобро преку цела ноќ) во фрижидер пред сечење. / Сооlinarika.com




(трет рецепт) КОЛАЧ СО БАНАНИ. Потребни состојки: 1 литар млеко и 3 кесички пудинг од ванила Уште ќе ви бидат потребни: 5 лажици шеќер, 300 г кекси, 1 чаша кисела павлака (200 г), 200 г путер или маргарин, 2-3 раце чоколадни трошки или рендано чоколадо, 2-3 банани, 200 мл слатка павлака и 200 г чоколадо. Постапка: Од литар млеко одвојте малку, а остатокот ставете го во тенџере на оган да се загрее.




Во малиот дел млеко што го одвоивте додадете го прашокот од 3 кесички пудинг со вкус на ванила и 5 лажици шеќер. Ако сакате послатко, тогаш додадете повеќе супени лажици. Промешајте добро со жица за матење за да нема грутчиња. Кога ќе зоврие млекото постепено додадете ја разматената смеса.

Мешајте постојано додека пудингот да се свари и згусне. Сварениот пудинг тргнете го на страна и додека сè уште е врел додадете му 200 г путер или маргарин исечен на коцки. Промешајте добро додека да се растопи и соедини во кремот. Потоа додадете кисела павлака и уште еднаш убаво промешајте.




Оставете го кремот малку да подизлади (да биде млак). Во изладениот пудинг додадете 300 г кршени петит кекси (бисквитите кршете ги со грубо со рака). Промешајте и на крај додадете 3-4 супени лажици чоколадни трошки (капки) или рендано чоколадо.

Плех со димензии 33х21 см намастете го со путер. Половина од смесата излејте ја во приготвениот калап, распоредете и израмнете. Преку смесата наредете три банани пресечени надолжно на половина. Одозгора наросете уште 3-4 супени лажици чоколадни трошки.

Одозгора рамномерно распоредете ја и втората половина од кремот. Колачот е готов, само уште останува да се олади. Прво оставете го на собна температура околу половина час, а потоа ставете го во фрижидер уште час и половина за убаво да се стегне и да се поврзат состојките.

За глазура: Во помало тенџере загрејте течна слатка павлака 200 мл и загрејте ја на умерен оган. Внимавајте да не ви зоврие. Слатката павлака треба да биде врела, но не смее да зоврие (го менува вкусот). Потоа намалете ја температурата и додадете го чоколадото (200 г) искршено на коцки и мешајте да се растопи и соедини.

Кога глазурата ќе се растопи и добие сјајна конзистенција, извадете го колачот од фрижидер, почекајте 5 минути, па рамномерно прелијте ја одозгора. Оставете да се олади и стегне глазурата, а потоа сечете го и послужете го.