„СПАНАКОПИТА“ ТРИАГОЛНИЦИ: Вкусен рецепт за мезе со големина на залак, инспириран од вегетаријанската кујна. Одлично предјадење со полн вкус и текстура во форма која лесно се јаде, со големина на залак.
Овие триаголници се крцкави однадвор, а со кремаст фил од спанаќ и сирење однатре. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: по 3 тенки листови за 1 ролат (ние направивме 3 ролати)
За течна мешавина за премачкување на корите:
1 јајце
125 мл млеко
125 мл растително масло
1 мала лажичка сол
2 супени лажици вода
За фил: обарен спанаќ и ситно сирење
за премачкување и посипување:
1 жолчка од јајце+лажиче млеко
афион, сусам, ким…
Најпрво пригответе ја течната мешавина. Сите наведени состојки измешајте ги во еден подлабок сад.
Наредете три кори една врз друга и секоја премачкјате ја со по 1-2 лажици од течната мешавина.
Распоредете фил врз третата премачкната кора и внимателно свиткајте ролат.
Исечете го цик-цак на триаголници и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Одозгора премачкјате ги со изматена жолчка во која сте додале лажичка млеко или масло, а потоа посипете ги со сусам, афион или семе по ваш вкус.
Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 15-тина минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.