Предјадењата во некои пригоди се дури и поважни од главното јадење, бидејќи се чини дека луѓето повеќе ги преферираат малите вкусни залчиња додека уживаат во разговорот со пријателите.
Во продолжение ви нудиме совршен рецепт кој се приготвува додека трепнете, а добивате цел рид вкусни залчиња. Ова е одлично предјадење за каква била семејна пригода, а потребно ви е само лиснато тесто и три вида различна салама. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г лиснато тесто (два големи листови со величина 32х42 см, 250 г кашкавал исечен на ленти, 80 г обична салама, 80 г кулен/лута салама, 120 г шунка, 1 јајце за премачкување
ПОСТАПКА: Отворете го листот од лиснато тесто и доколку е потребно уште малку развлечете го за да биде со величина на плехот во кој ќе се пече. Поставете го на дното од плехот и започнете со редење на намирниците.
Најпрво, преку целата површина наредете листови кашкавал, еден до друг или сосем малку да се преклопуваат. Потоа наредете ги листовите шунка, исто така еден до друг, по малку да се преклопуваат за да се пополнат празните простори.
На ист начин наредете го тенко исечениот кулен или некој друг вид лута салама, како и бичната салама, а моѓе да ставите и нешто по ваш избор, некое друго сувомеснато, или ситни парчиња чипс од испржена салама.
Одозгора преклопете со вториот лист лиснато тесто (обликувано со иста величина како и првото) и внимателно со прстите поминете по краевите за да се спојат двете теста. Потоа со секач за пици или нож, исечете мали коцки со големина по ваша желба.
Одозгора премачкјате со изматено јајце (или само жолчката помешана со лажица масло или млеко), наросете сусам по вкус и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180-200 степени, 25 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.