Кифличките можете да ги полните со солен или сладок фил, подеднакво се убавини вкусни.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл јогурт

300 мл вода

200 мл масло

2 големи лажици шеќер

1 голема лажица сол

1 голема лажица квасец

2 јајца

1 кг и 100 г брашно +-

ФИЛ:

Нутела или

Сирење

ПОСТАПКА:

Во еден сад каде обично замесувате тесто, ставете јогурт, вода и масло (состојките треба да бидат млаки).

Во друг сад разматете го квасецот со една лажица шеќер, една лажица брашно и малку вода. Оставете на топло да се активира, па додадете го во мешавината со масло, јогурт и вода.

Со миксер (маталки за меко тесто) пенесто изматете ги јајцата со една лажица шеќер, па додадете во смесата.

Продолжете да го миксате тестото 5 минути па додадете половина од количината на брашното и продолжете со миксање уште околу 5 минути со најголема брзина.

Потоа заменете ги маталките на миксерот и ставете ги продолжетоците за месење тесто. Продолжете да ставате брашно се додека тестото да стане тврдо.

Истурете го врз работна површина и обликувајте го во топка. Тестото оставете го на топло да надојде.

Од надојденото тесто со оклагија развлечете кора во поголем круг кој ќе го исечете на 24 тријаголници.

Кифлите полнете ги со нутела или сирење по ваш избор. Виткајте ги кифлите и редете ги во намастен плех.

Оставете ги уште еднаш да киснат па печете ги на 180 степени околу 15-тина минути, додека да добијат убава златна боја. Оставете малку да изладат во тепсијата пред служење.