Совршен ролат од месо…Го подготвувам само по овој рецепт…Прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг мелено месо
50 мл масло
10 г сол
5 г црн пипер
200 г кисела павлака
50 г брашно
3 јајца
4 шери доматчиња
100 г боранија или грашок
200 мл вода
калап 20 см x 30 см
сее пече на 180°C / 1 час

ПОСТАПКА:

Парче фолија намастете ја со масло, па врз неа распоредете го меленото месо во еднаков, тенок слој. Одозгора посолете и запиперете по вкус. Павлаката измешајте ја со брашното да нема грутчиња, па сипете ја врз месото.

Јајцата изматете ги со жица и помешајте ги со сечканиот зеленчук. Зачинете по вкус. Смесата сипете ја во калап 20х30 см обложен со хартија и печете 25 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печениот омлет со зеленчук исечете го на широки ленти и наредете ги на едниот крај од месото. Со подигање на фолијата внимателно свиткајте ролат. Ролатот сосе фолијата свиткајте го во хартија за печење.

Вака спакуваниот ролат ставете го во плех, внатре сипете вода и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 1 час. Оставвете да се олади пред сечење. Постапката погледнете ја ОВДЕ.