Ова е најдобриот рецепт за тостерки или познат како бабин колач. Испробан е повеќе пати, а тостерките остануваат меки и по неколку дена.
Потребни состојки:
4 поголеми јајца
300 мл масло
300 г шеќер
1 лимон – рендана кора
250 мл млеко
600 г брашно
1 прашок за печиво
Постапка:
Измешајте ги јајцата и шеќерот со миксер, па постепено додавајте ги останатите состојки и соединете во изедначена смеса.
Кога калапот за тостерки доволно ќе се загрее, малку намастете, а птоа со лажица вадете од смесата и ставајте на средината од загреаниот калап (2-3 лажици од смесата), па затворете го калапот и печете додека да се запали зелено светло а изгаси црвеното или додека да заруменат.
На некои апарати за тостерки / галети, има сијаличка која кога свети црвено тогаш колачите треба уште да се печат, а кога ќе се изгаси црвеното и запали зеленото – тогаш се готови и се вадат од калапот.
coolinarika.com