СОВРШЕН ПОСЕН ОБРОК: Ем здрав, ем нискокалоричен, совршен за вашиот стомак ако сте на диета. Божиќниот пост започна, а во оваа прилика ви предлагаме совршен посен оброк кој може да послужи и како појадок и како вечера.

Пченкарната пита-проја со спанаќ може да биде посна, а со тоа и многу поздрава и повкусна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 страк праз
1 морков
1 чаша бело брашно
1 чаша спанаќ
1 чаша пченкарно брашно или палента
1 чаша газирана вода
1 прашок за печиво
1/2 чаша масло
сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА:

На малку масло пропржете го ситно исечканиот праз и изренданиот морков. Додајте ситно исечакан спанаќ и измешајте сè. Сè добро промешајте и издинстајте кратко за да омекне, па оставете да се излади.

Во посебен сад измешајте бело и пченкарно брашно, зачинете со сол и црн пипер, а потоа додајте го и прашокот за печиво.

Во мешавината сипете го пржениот зеленчук, а потоа маслото и газираната вода.

Измешајте сè, сипете во намастен плех со средна големина (или обложен со хартија).

Печете во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени додека да фати коти коричка и убаво да зарумени (половина час). Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.