Колачот со право го носи овој назив, зашто е направен од совршени состојки, едноставни но во совршена комбинација. Лесен за подготовка, многу вкусен и сочен, а сепак декоративен. Совршен за посни слави, но и за преку цела година за различни пригоди. Еве што ви е потребно според рецептот на Рада:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 20х30 см): 12 супени лажици брашно, 2 супени лажици течен мед, 2 супени лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 75 мл масло, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 1/2 мала лажичка сода бикарбона, 150 мл газирана вода

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 150 мл газирана вода или сок од портокал (или сок од што сакате), 150 г шеќер (а може и помалку, 100 г, по вкус), 150 г посен маргарин, 225 г посни бисквити, 125 г посно чоколадо, 150 г ореви (75 г мелени и 75 г сечкани), 4 супени лажици џем по избор. И уште: чоколадна глазура по избор (100 г чоколадо + 1 лажица масло)




ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и малку сол. потоа додајте шеќер и ванилин шеќер, две супени лажици течен мед, 75 мл масло за готвење и малку од оние 150 мл газирана вода.




Промешајте со лажица или кујнска жица-маталка, а газираната вода додавајте ја постепено, на неколку наврати. Треба да добиете хомогена, мазна аморфна смеса без грутчиња. Добиеното густо и течно тесто поделете го на два дела.




Секој дел од тестото излејте го во плех (20х30 см) обложен со хартија за печење на дното, распоредете рамномерно и израмнете. Ќе ви се чини дека е многу тенко како за палачинка, но такво треба да биде. Корите печете ги во загреана рерна на 180 степени 8-10 минути. Печените кори оставете ги да се оладат.




За фил: во едно тенџере ставете 150 мл сок од портокал, додајте 150 г шеќер, 150 г посен маргарин и 125 г чоколадо за готвење (посно). Промешајте и ставете на рингла, па загревајте на умерено ниска температура додека сите состојки да се растопат и соединат.




Целата мешавина треба само да се загрее и да се растопат состојките, не дозволувајте да ви зоврие. Штом се изедначи, додајте 225 г мелени посни бисквити и 150 г ореви, од кои половината да бидат мелени, а половина ситно сечкани.




Мешајте додека сите состојки убаво да се изедначат, а потоа филот малку оставете го да подизлади и да се стегне (да биде млак). Од печените кори отстранете ја хартијата за печење. Ставете една кора врз тацна и премачкјате ја со џем преку целата површина.




Потоа рамномерно распоредете го сиот фил. Ако ви се чини дека филот не е доволно цврст, додајте уште малку мелени бисквити до посакуваната густина. Убаво израмнете. Втората кора премачкјате ја со џем, со намачканата страна поклопете го филот.

Колачот оставете го преку цела ноќ во фрижидер, а следниот дел исечете го, а потоа декорирајте со чоколадна глазура (чоколадото растопете во на пареа или во микробранова печка и помешјате го со една лажица масло). Деталите погледнете ги ОВДЕ.