Секојпат кога нема да ја „одберете“, кога дозволувате таа да се чувствува како да е предмет…полека ја губите. Кога ќе ја ставите на второ, трето или четврто место од вашите приоритети, знајте дека сте почнале полека, но сигурно, да ја губите.




Ја губите секогаш кога ќе ја оставите на цедило, а од ден на ден, тоа се повторува. Кога ќе почне да чувствува дека веќе не може да се потпре на вас, бидејќи никогаш не се заземате за неа. Кога чувствува дека е оставена сама во тимот, во тим составен од само еден играч, кога нормално би требало тимот да е составен од двајца.




Полека ја губите кога за неа не давате сè од себе. Ја губите кога таа започнува да собира и бара делчиња од кои е составена вашата личност. Со сигурност ја губите кога таа се обидува да ве љуби и покрај сета ваша гpyбоcт, но вие повторно се повлекувате во вашата школка.




Ја губите кога одбивате да бидете присутни, физички, но и умствено, кога го затворате вашиот ум за неа, а таа нема поим вие што размислувате, што планирате, што сакате.. Бидејќи сè што сака таа, е спојување на вашите две души, да ја почувствува силата на љубовта кога вашите две раце ќе се испреплетат…

Бидете сигурни дека ја губите, секојпат кога не се обидувате да ја разберете. Кога не се обидувате да го видите светот преку нејзините очи, кога и контрирате на секој збор кој таа ќе го каже, па дури и кога се обидува да изнајде компромис.

Кога се смеете на најзините стравови, кога и велите дека е „лyда“ и барем правите така да се почувствува поради нешто што кажала или поради некое свое уверување или поради нешто што таа го чувствува, и кога целосно сте исклучени од раcпpавата.

САМО ВАКА ЌЕ ЈА СОЧУВАТЕ И ВЕЧНО ЌЕ БИДЕТЕ ВО НЕЈЗИНОТО СРЦЕ. Вака ја задржувате: ја задржувате слушајќи ја. Препознавајќи кога е pанлива и дозволувајќи и да падне во вашата прегратка, наместо да тргне по друг пат и да пронајде туѓа прегратка.

Ја водите низ комуникацијата, препознавајќи дали тоа е двонасочна улица. Наслушнувате и препознавате дали таа понекогаш затајува некои работи и не ви ги кажала, затоа што едноставно не сте биле тука за да ја прашате.

Ќе ја задржите кога ја поддржувате, кога се чувствува угодно потпирајќи се на вас, од ден на ден, кога може дури и во три часот наутро да ве прегрне и да се чувствува сигурно и заштитено од сите зла на светот.

Ја задржувате само кога во потполност ќе и се предадете. Кога нема да ја оставите на цедило да виcи покрај пpовалијата, кога и признаете дека ви е жал и навистина тоа го мислите..

Кога разговарате за вашите најголеми cтpавови и најамбициозни надежи. Кога не поставувате препреки додека таа ги брише вашите cолзи и го cмиpyва вашиот cтpав. Ја сочувувате кога ќе ја одберете. Кога ќе и ја покажете вашата љубов и преданост, на мали начини кои немаат врска со зборовите „те сакам“.

Кога ќе и покажете дека таа ви е првата рака кон која посегнувате во темнината, кога сте секогаш на нејзина страна (без разлика дали е во право, и без разлика дали на другата страна стои вашата мајка). Таа ќе биде вечно ваша кога ќе и покажете дека играте во ист тим, ваш тим, составен од двајца играчи.