Ја информираме јавноста во врска со починатиот опериран пациент во нашата клиника, кој беше позитивен на Ковид-19.
Пациентот беше примен на 08.04.2020 година во раните утрински часови како ургентен случај во хеморагичен шок поради руптурирана (прсната) аневризма на абдоминалната аорта во крајно живото загрозувачка состојба.
По земањето на епидемиолошката анамнеза, бидејќи пациентот доаѓаше од високо ризично подрачје (Лабуништа, Струшко), беше постапено согласно протоколите, третиран како позитивен до добивањето на резултатите од испитувањето за Ковид-19 и по итниот оперативен зафат сместен во соба за изолација.
Персоналот беше соодветно заштитен во тек на извршување на својата должност, а секако беа превземени и дополнителни мерки. По седум дена беше направено тестирање на медицинскиот персонал кој работеше директно со позитивниот пациент, по што се добиени негативни резултати за присутност на Ковид – 19.
Пациентот почина од неговото основно заболување и последиците од хеморагичниот шок, не може да се утврди дали и како инфекцијата со коронавирусот влијаела на здравствената состојба и неизбежниот исход….
Позитивниот резултат на пациентот е уредно пријавен во Институтот за јавно здравје, веднаш по обработката на тестот на 08.04.2020 година.