Вкусни соленки, одлична закуска за секаква пригода.

Потребни состојки:

500 г брашно
200 мл млако млеко
120 г путер
1 јајце
20 г свеж квасец (половина коцка)
1 лажичка сол
1 лажичка интегрален шеќер

Постапка:

Во длабок сад изматете го јајцето со жица. Квасецот издробете го и растворете го млакото млеко со лажичка шеќер. Додадете го во јајцето, па соединете.

Путерот оставете го да омекне на собна температура, па со маталка (или со рака) промешајте го во течните состојки.

Започнете постепено да додавате брашно и мешајте додека да добиете меко тесто. Истурете го на набрашнета површина, па убаво домесете го за да добиете мазно и еластично тесто кое не лепи на рака.

Вака формираното тесто вратете го во садот и оставете го покриено со крпа да стасува околу 45 минути. Потоа извадете го врз хартија за печење, малку набрашнете го одозгора, па развлечете го во кора со дебелина од околу еден прст.

Заедно со хартијата префрлете ја кората врз тенкиот плех од рерна, исечете ги долгнавестите стапчиња, премачкјате ги одзгора со жолчка и наросете ги со сусам и рендан пармезан по желба, па ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат околу 20 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: