I РЕЦЕПТ: Солени триаголничиња, децата ги обожаваат Оваа феноменална пита ми ја покажа мојата свекрва. Оттогаш многу често ја правам, превкусна е и децата многу ми ја бараат. Верувајте, кога и вие еднаш ќе ја направите, ќе стане многу чест рецепт во вашата кујна.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита, 1 кисела павлака (180 г), 4 јајца, 1 чаша (од киселата павлака) масло, 500 г сирење кравјо или по ваш вкус и сол по потреба
ПОСТАПКА: изматете го сирењето со две јајца. Посолете по потреба. Направете го филот со кој ќе ги премачкуваме корите:sСе прави така што ги матиме заедно киселата павлака со 2 јајца и една чаша (од павлаката) масло. Малку посолете. Корите пресечете ги со нож по средина, за да добиете помали кори.
Земајте по една кора, премачкајте ја по целата површина со фил, преклопете еден дел, а преку него уште еднаш, за да добиете кора со должина од околу 25 см и ширина 8 см.
На едниот крај од аголот ставете сирење, преклопете за да добиете триаголник. Правете вакви триаголничиња додека да ви се потроши сирењето, а ако ви остане ставете го одозгора врз триаголниците.
Печете ги 10-15 минути на 200 степени. Мора да ви кажам дека триаголниците, нивната величина и големина зависи од корите. Од неодамна купувам едни кори кои се наменети за солени пити, па триаголниците ми излегуваат совршени.
II РЕЦЕПТ: Идеален појадок за 25 минути: Триаголници со сирење и специјален сос. Триаголници со сирење и сос од краставички.
Потребни состојки: 6-7 листови кори за пита (готови или домашни), 400 г свежо сирење, 1 јајце, 1 лажица кисела павлака и сол по вкус. За премачкување: 1 јајце, 3 лажици масло, 3 лажици јогурт. За сос: 1 мала краставичка, 1 чешне лук, 500 мл јогурт, сол, црн пипер по вкус
Постапка: соединете ги сирењето, јајцето, киселата павлака и солта. Посебно изматете го јајцето, маслото и јогуртот – за премачкување на корите. Сите кори исечете ги на 4 ленти. На работната површина редете ги исечените ленти, па премачкјате ги по цела должина со смесата за премачкување.
Преклопувајте ги две по две лентите. На едниот крај ставете 1 лажица фил со сирење. Преклопете како триаголник и продолжете со преклопувањето, обликувајќи ги триаголниците.
Редете ги готовите триаголници на намастен плех. На ист начин пригответе ги и останатите триаголници, додека да се потрошат состојките. Намастете ги малку одозгора и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени. Печете ги додека да заруменат, а потоа оставете ги неколку минути да изладат.
Послужете ги сос: Ситно изрендајте ја краставицата и лукчето, прелијте со јогурт, посолете и запиперете по вкус. Сето убаво соединете го и оставете го да излади во фрижидер барем половина час пред послужувањето.