Фото и рецепт на “Бјутишоп” Соња – солени тостерки со сусам и кашкавалче.
Рецептот за овие многу вкусни тостерки кои одлично одговараат како меѓуоброк или закуска, ни го претстави нашата драга членка Соња во групата НМД рецепти.
Потребни состојки:
500 г брашно
100 мл млака вода
100 мл масло
1 јајце
1 лажичка сол
50 г сусам
125 г маргарин / путер на собна температура
1 прашок за печиво
рендан кашкавал – една рака, по избор
Постапка:
Во омекнатиот путер се додава јајцето и со виљушка се размешува, па се додава маслото и млака вода. Се посолува и постепено се додава брашното и прашокот за печиво.
Кога ќе се изедначи смесата се додава сусам и рендан кашкавал, па уште малку се меси за да се изедначи. Потоа од тестото се формираат топчиња со големина на пинг понг топчиња. Тостерот се загрева и се редат топчињата на растојание, па се печат додека да заруменат.
Фото и рецепт на “Бјутишоп” Соња
Бонус рецепт: КРЕКЕРИ СО СУСАМ И ПИВО
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1,5 шолја пиво
1,5 шолја масло
5 лажици сусам
1,5 лажичка сол
5 шолји брашно
1 прашок за печиво
ПОСТАПКА:
Сите наведени состојки спојте ги и измешајте ги.
Кинете мали парчиња од тестото и печете ги на загреан тостер.
Ќе уживате во вкусот, идеална закуска!
Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.