Овој рецепт го знам уште многу одамна, наследен ми е од баба ми. Едноставни кекси, ги препорачувам да ги пробате, одлични се како закуска за секакви пригоди. Не смеат да се заборават вакви рецепти! брзи се и едноставни, а толку вкусни, можат и почетници да ги прават.

Потребни состојки: 150 г путер, 200 г гауда или друг вид кашкавал, ½ чаша (од 180 г) кисела павлака, 1 жолчка, ½ лажичка сол, 1 лажичка слатка мелена зачинска пиперка во прав, 1 прстофат црн пипер (на врв од ножот), ½ кесичка прашок за печиво и 230 г брашно

И уште: 1 жолчка, 1 лажица масло и 50 г сусам. Постапка: Путерот на собна температура пенасто изматете го, додадете ја жолчката и соединете. Во смесата додадете сол, црн пипер и кисела павлака. Убаво изматете за да се изедначи смесата.

Кашкавалот изрендајте го на најситната страна од рендето, па и него измешајте го во смесата. Брашното просејте го со прашокот за печиво, па замесете тесто. Добиеното теста развлечете го со оклагија во не многу тенка кора во облик на правоаголник со димензии 35х25 см.

Преку целата површина премачкајте ја кората со половина од жолчката, наросете го сусамот рамномерно, па превртете го тестото (поклопете го со друг лист хартија и превртете го), па и од другата страна премачкјате го со остатокот од жолчката и наросете со сусам.

Тестото исечете го на ленти со жирина по ваша жњлба, а потоа исечете хоризонтално за да добиете форма на коцки или накосо за да добиете ромбови.

Исечените кекси наредете ги во плех обложен со хартија за печење, со мали растојанија помеѓу нив. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени колку малку да заруменат. Не смеат да потемнат. Кога се печени кексите оставете ги да изладат, па уживајте во нивниот вкус со прилог по ваш избор.

Coolinarika.com