Солени ролати со готови кори за вечера или како мезе…Ќе ги воодушевите семејството и гостите…Солените ролати со готови кори се одличен предлог за вечера или како ладно предјадење за гостите.
Тие се многу едноставни за подготовка, така што секој може да ги направи, дури и оние што ќе ги прават првпат. Со овие два филови и два ролати ќе имате извонредна закуска на брз и лесен начин. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 јајца (или 5 големи)
1 рамна лажичка сол
200 мл јогурт (течен)
200 мл вода
100 мл масло
500 г готови кора (по 7 кори во еден ролат)
За фил:
500 г ситно сирење
200 г кисела павлака
1-2 прстофати сол
1.вкус:
150 г шунка
3 кисели краставички
2.вкус:
100 г кулен
1 лажица ајвар
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со жица и посолете ги со една лажичка сол. Додајте јогурт, масло и вода, па повторно измешајте за да се изедначат состојките. Смесата поделете ја на два еднакви дела.
2.Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Плехот малку намастете го и обложете го со хартија за печење. Корите поделете ги на половина (едната половина свиткајте ја во најлонот за да не се суши).
3.Ставете ја првата кора во плехот и посипете ја со течната мешавина и со четка премачкјате ја преку целата површина. Преклопете со втора кора и постапката повторете ја до крај.
4.Кога ќе ја премачкате и последната кора, посипете одозгора сусам и ставете да се пече 17 минути. Постапката повторете ја и со вториот дел, но втората кора посипете ја со ленено семе.
5.Печените кори додека се топли превртете ги врз крпа и сосе крпата внимателно свиткајте ги во ролат. Оставете ги така да се оладат.
6.Базата на филот е: 500 г ситно сирење (или урда), 200 г кисела павлака и малку сол по вкус. Соединете и смесата поделете ја на два дела. Во секој дел ставете состојки по желба или според нашиот предлог:
7.Во првиот дел ставете една полна лажица ајвар и 100 г ситно сечкан кулен. Промешајте.
8.Во вториот дел додајте 150 г ситно сечкана шунка и 3 рендани кисели краставички. Промешајте.
9.Филувајте ги корите, па внимателно свиткајте ги во ролат сосе хартијата и кршата, па оставете ги во фрижидер неколку часа или до послужувањето. Постапката погледнете ја ОВДЕ.