Зошто овие солени переци секогаш успеваат? Тајната е во техниката 🥨
Солените переци се еден од оние класични пекарски производи што секогаш успеваат – без разлика дали се служат за појадок со јогурт, како прилог покрај главно јадење или како практичен избор за работа и училиште.
Овој рецепт не е само едноставен, туку и технички прецизен: вклучува основни техники на работа со тесто кои се користат и во професионални пекарници. Резултатот се 12 рамномерни, убаво оформени переци со совршена текстура.

🧾 Потребни состојки
За тесто:
• 500 г брашно
• 280 г млака вода
• 20 г масло
• 20 г свеж квасец
(или 10 г сув квасец / 7 г инстант квасец)
• 15 г шеќер
• 10 г сол
За премачкување пред печење:
• 40 г мек маргарин
• 20 г масло
• НМД
За солен прелив:
• 75 г вода
• 60 г брашно
• 10 г сол
👩🍳 Постапка
1. Од вкупната количина вода (280 г), одвојте околу 30 г и во неа растворете го квасецот. Оставете кратко да се активира.
2. Во поголем сад ставете го брашното, а настрана одвојте околу 4 лажици – ќе ви треба при месењето.
3. Додајте сол и шеќер, па измешајте ги сувите состојки.
4. Сипете 250 г од водата, додајте масло и на крај активираниот квасец.
5. Со кружни движења мешајте од средина кон рабовите додека да се соедини тестото.
6. Месете со рака, лажица или миксер со спирални продолжетоци, без веднаш да додавате брашно.
7. Кога тестото ќе почне да се оформува, постепено додајте го преостанатото брашно.
8. Кога ќе стане поцврсто, префрлете го на работна површина и по потреба наросете минимално брашно.
9. Оформете топка, покријте и оставете да одмори 45 минути на собна температура.
10. Тестото поделете го на 12 еднакви делови од по околу 70 г.
11. Лесно намачкајте ја површината со неколку капки масло и оформете мазни топчиња, редејќи ги по редослед.
12. Ако некое топче почне да се кине, оставете го настрана да се опушти, па повторно оформете го на крај.
13. Покријте ги топчињата и оставете ги да одморат 5 минути.
14. Започнете со првите оформени топчиња и со нежно притискање од средина кон рабовите формирајте ролни со ширина на дланка.
15. Повторно покријте и оставете ги да одморат уште 5 минути.
16. Со рамномерно движење оформете переци со должина од околу три ширини на дланка.
17. Наредете ги во плех со растојание од околу два прста меѓу нив.
18. Покријте и оставете ги да ферментираат 45 минути.
19. Пред печење, премачкајте ги со вода или со мешавина од 10 г масло и 20 г мек маргарин.
20. Печете 8 минути на 230°C.
21. Во меѓувреме, измешајте вода, брашно и сол за солениот прелив.
22. По 8 минути печење, извадете го плехот и рамномерно прелијте ги перецита со солениот прелив.
23. Вратете во рерна и печете уште 4 минути на 230°C.
24. Ако сакате помеки переци, веднаш по печењето премачкајте ги со мешавина од масло и мек маргарин.
25. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

































