Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ

Потребни состојки:

750 г брашно
1 квасец
100 мл масло
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
500 мл млака вода или млеко

За фил: ситно сирење, спанаќ, пченка шеќерна во зрно, може од конзерва, нешто по ваш вкус, количините се произволни, може и помалку фил

500 г сирење
500 г спанаќ
4 јајца
пченка ако сакате
1 лажичка сол
сусам и уште едно јајце за премачкување

Постапка:

Од измерената количина одземете малку брашно, додадете лажичка шеќер и малку млака вода. Измешајте го убаво квасецот за да се раствори и ставете го на топло да започне ферментацијата.

Полжави замесени со млака вода, филувани со спанаќ, сирење и пченка (Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ)

Во остатокот од брашното додадете сол, масло, потоа активираниот квасец и со млака вода замесете мазно тесто кое не лепи на раце. Оставете го да кисне додека се удвои.

Спанаќот измијте го, ситно исечкајте го, додадете малку сол и убаво исцедете го. Измешајте го сирењето, јајцата, исцедениот спанаќ, пченка по желба и сол по вкус.

Полжави замесени со млако млеко, филувани со спанаќ, сирење и јајца

Потоа тестото поделете го на два дела и секој дел развлечете го тенко со оклагија во правоаголна кора. Кората премачкајте ја со приготвената смеса, па цвиткајте ја во ролат. Сечете ги полжавите со дебелина од два прста и редете ги во намастен плех. Истото повторете го и со вториот дел од тестото.

Изматете едно јајце и додадете му една лажица јогурт, па врз секое полжавче ставете по една лажица. Наросете со сусам доколку сакате и оставете ги 15-тина минути да киснат додека се загрева рерната. Печете ги на 220 степени првите 10 минути, па намалете на 200 и печете ги додека да заруменат.

Полжави замесени со млако млеко, филувани со спанаќ, сирење и јајца

Полжави (Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ)