Фото и рецепт: Николинка Касап

Потребни состојки:

250 г маргарин/путер
250 г ситно сирење
500 г брашно
2 рамни лажички сол
1 прашок од печиво
1 јајце за премачкување и сусам за наросување

Постапка:

Маргаринот со малку сол и сирењето добро се мати со прашок за печиво. Потоа постепено се додава брашното и се замесува мазно тесто.

Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го фрижидер преку целата ноќ.

Следниот ден премесете го и развлечете го во тенка кора. Сечете на стапчиња или вадете со калап мали погачици.

Редете ги во намастен плех, одозгора премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам. Ставете ги да се печат на 200 степени додека убаво да заруменат.

Фото и рецепт: Николинка Касап