Солени крекери без јајца и путер…Многу вкусни и лесни за правење…Децата ги обожаваат, но и возрасните…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):
1.5 чаша сенаменско брашно
1.5 лажичка сув квасец
1 прстофат сол
1 лажичка шеќер
1 прстофат сода бикарбона
0.5 лажичка прашок за печиво
0.5 чаша топла вода
1 лажичка шеќер
4 лажици масло или кој сака може растопен путер
ПОСТАПКА:
Во топлата (млака) вода растворете го квасецот. Во подлабок сад помешајте го брашното со сувите состојки, па во средината сипете ги маслото и активираниот квасец. Замесете меко нелепливо тесто и оставете го покриено да го удвои волуменот.
Ферментираното тесто малку премесете го и поделете го на 2 топки. Секоја развлечете ја на набрашнета површина, па од тенката кора со модла вадете ги крекерите.
Со шепкалка за заби направете дупчиња и одозгора премачкјате ги со масло и посипете крупна сол.
Печете ги 10-12 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Остатокот од тестото премесете го и повторете ја постапката додека да го потрошите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.