Многу се вкусни и секогаш правам двојна доза.
Потребни состојки:
600 г остро брашно
40 г свеж квасец
малку шеќер
малку сол
500 мл млако млеко
200 мл масло
малку масло за развлекување на тестото
1 жолчка за премачкување
сол за наросување
сусам, ким, крупна сол или нешто по ваш вкус за наросување одозгора
Постапка:
Квасецот разматете го со малку шеќер во малку млако млеко и оставете на топло 10-тина минути додека да се активира и да се запени.
Квасецот додадете го во просеано брашно заедно со маслото и малку со. Замесете го тестото со постепено додавање на млако млеко колку што прима брашното.
Тестото треба да биде доста меко и добро измесено. Од него направете 21 валјачиња, намастете ги и оставете ги малку да одморат.
На лесно намастена работна површина, развлекувајте ги правете долгнавести кифлички.
Редете ги во плех, премачкајте ги со изматено јајце, посолете, наросете со сусам или нешто по ваша желба и оставете ги малку да стасаат.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека да добија убава златна боја.