Солените палачинки се подеднакво вкусни исто како и слатките, па од нив можете да направите најубава солена торта. Солените торти од овој тип обично се приготвуваат за слави и празници или некои свечени прослави, но можат да се послужат и како предјадење, па дури и како главно јадење.
Овој тип на солени торти стануваат сè попопуларни и можат да се направат од најразлични состојки, а можат да се послужат и како вечера, филувани со некој вкусен солен фил, или пак похувани како пирошки. Нема кој не ги сака, па доколку и вие сте љубител на палачинките, тогаш одберете некој од нашите денешни предлози.
Првиот рецепт се приготвува од палачинки кои се премачкуваат со бешамел сос и динстани печурки. На крај целата торта се посипува со кашкавал и кратко се потпекува во рерна, колку да се растопи кашкавалот и да зарумени одозгора. Многу интересни се и другите предлози, кои е штета да ги пропуштите. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за смеса за палачинки: 3 јајца, 500 мл млеко, 250 г брашно, 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер, 1 супена лажица масло. За фил: 3 тврдо варени јајца, 1 главица кромид, 750 г свежи шампињони печурки, малку свеж копар, 1 чешне лук, 2 полни супени лажици кисела павлака/цврст јогурт. За бешамел: 2 супени лажици путер, 3 лажици брашно, 500 мл млеко, малку мелено мускатно оревче, 150 г рендан кашкавал
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 палачинки, 3 кисели краставички од тегла, 3 тврдо варени јајца, 200 г шунка, 200 г кашкавал, 200 г ситно сирење, 200 г мајонез, 200 г кисела павлака или кисело млеко, 1 лажица сенф, зачини по вкус
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 1 мала лажичка сол или по вкус, 500 мл вода, 500 мл млеко, 550 г пченкарно брашно, 50 мл масло, за фил малку рендан кашкавал или ситно сирење/урда, малку путер за премачкување
ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сад скршете ги јајцата и изматете ги со кујнска жица-маталка, па во тенок млаз додајте го млекото додека непрекинато матите. Потоа додајте сол, шеќер и просеано брашно, па продолжете со матење додека да добиете хомогена смеса без грутчиња, по густина слична на јогуртот. На крај додајте малку масло.
Палачинките пржете ги вообичаено, на умерено загрено тавче малку намастено со масло, а испржените палачинки кога ќе заруменат од двете страни, редете ги врз некоја чинија, една врз друга. Од оваа количина излегуваат приближно 12 палачинки.
За тоа време ставете ги јајцата да се варат во малку посолена вода со прстофат сода бикарбона, и од моментот на зовривање варете ги и минути. Потоа ставете ги во ледено ладна вода за побрзо да се оладат и полесно да се излупат.
Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на малку масло додека да застакли, па додајте ги ситно сечканите печурки, посолете и поклопете ги со капак, па динстајте ги додека да се ослободи течноста. Потоа гответе ги со повремено промешување 15-тина минути, односно додека да испари течноста, а тие да омекнат.
Пред крајот додајте им едно чешне лук рендано или ситно сечкано. Печурките префрлете ги во посебен сад и оставете ги малку да се подизладат, па додајте ги има варените јајца изрендани на крупно ренде, ситно сечкан копар и киселата павлака. промешајте и добро изедначете ги состојките. Филот оставете го настрана или во фрижидер додека го приготвувате бешамел сосот.
Во една тава растопете го путерот и додајте го брашното, па мешајте го додека да ја промени бојата и да го апсорбира путерот. Кога ќе добиете трошкаста смеса, намалете ја температурата на минимум и започнете постепено да го додавате млекото додека енергично мешате.
Постепено зголемете ја температурата на умерена и гответе со непрекинато мешање додека да згусне. посолете, запиперете и додајте мускатно оревче по вкус. Бешамел сосот е готов и тргнете го настрана.
На плех обложен со хартија за печење ставете една палачинка, премачкјате ја со 1-2 лажици бешамел сос, потоа со филот од печурки, па поклопете со друга палачинка и повторете ја постапката додека да се потроши материјалот. Последниот слој е остатокот од бешамел слој, а врз него наросете 150 г рендан кашкавал.
Ставете да се потпече во загреана рерна на 180 степени, 20-тина минути, односно додека да се растопи капшкавалот и убаво да се потпече. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ, а во продолжение следи постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 2: во подлабок сад измешајте го мајонезот, киселата павлака/млеко и сенфот, па со оваа смеса премачкувајте ги палачинките една преку друга. Помеѓу ставајте рендана шунка, кашкавал, краставички, сирење… На крај целата торта премачкјате ја одозгора и на страните, па декорирајте ја по сопствен вкус. Постапката за третиот рецепт можете да ја прочитате ОВДЕ.