Многу вкусна посна солена торта која ќе ве воодушеви како со изгледот, така и со вкусот.
Потребни состојки:
300-350 солени посни крекери (300 г се доволни доколу не редите повеќе од 4 слоеви)
околу 150 мл обична вода или вода од туршија или краставички за натопување на крекерите
150 г посен маргарин
200-250 г посен мајонез
2 лажици сенф
2 лажици ајвар (наместо ајвар може кечап или 1 лажичка црвен зачински пипер)
100 г сусам
100 г солени печени или пржени кикирики, мелени
2 кисели пиперки по желба
4 помали кисели краставички
2 компири, приближно 200 г
2 моркови, приближно 150 г
Напомена: По желба можете да додадете туна во парче
Постапка:
Прво исечкајте ги морковите и компирите на ситни коцкички, прелијте ги со ладна вода и ставете ги на оган да се варат 7-10 минути (брзо се готови). Внимавајте да не ги преварите.
За тоа време ситно исечкајте две кисели пиперки и четири кисели краставички. Добро изматете го маргаринот со миксер, па додадете посен мајонез и продолжете со матење додека да се соединат во пенаста смеса.
Пред да ги додадете останатите состојки, одвојте неколку лажици (приближно третина) за да ја премачкате тортата одозгора.
Во смесата од мајонез и путер додадете две лажици сенф и добро соединете. Сварените морков и компир исцедете ги од топлата вода во која се вареа, прелијте ги со ладна вода и додадете малку сол. Кикириките сомелете ги.
Сто грама сусам испечете го во сува тава додека да замириса и малку да пожолти. Одвојте 2-3 лажички за декорирање на тортата одозгора, а остатокот додадете го во смесата.
Додадете ги и кикириките, добро промешајте, а потоа една третина од оваа смеса одвојте на страна.
Во остатокот додадете зачини по желба, додадете ги киселите краставички и пиперки, а потоа морковите и компирите, добро исцедени од водата. Посолете по вкус.
Во таа една третина од смесата што ја одвоивте додадете две лажици ајвар (или кечап) и промешајте.
Крекерите натопувајте ги во течност и редете ги врз чинија за послужување (7х2). Врз нив наредете една половина од смесата со компири и израмнете. Потоа наредете нов слој крекери, а врз него смесата со ајвар и убаво распоредете.
Наредете го третиот слој крекери, па врз нив наредете го остатокот од филот. Наредете четврт слој крекери, а одозгора премачкајте со смесата од мајонез која ја одвоивте на почеток. Одозгора наросете со сусам.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:
We are a professional manufacturer of protective equipment.