Солена ПОСНА ПИТА СО ТИКВА: Изрендајте, свиткајте триаголници и испечете за 15 минути!
За многумина е омилена слатката пита со тиква, која обично е сочна и се посипува со шеќер во прав. Овојпат направете ја во солена верзија, многу е вкусна, нема да се покаете! Еве што ви е потребно според рецептот на Сандра Џуретиќ:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување готови кори за пита
500 г рендана тиква
сол и црн пипер по вкус
малку мајчина дишичка за арома
малку масло за премачкување
ПОСТАПКА:
Тиквата изрендајте ја, а потоа посолете ја и запиперете ја. Додајте малку свежи ливчиња мајчина душичка за арома и промешајте.
Корите отворете ги на работна површина и исечете ги на ленти со широчина на 4-5 прсти. Земете една лентичка и испрскајте ја со малку масло, па на едниот крај ставете лажица фил (тиква).
Поклопете ја под агол, така да добиете триаголник, па продолжете го виткањето на лентата до крај, а краевите малку подвиткајте ги.
Вака подготвените триаголници наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкјате ги со мешавина од масло и газирана вода (ако не постите тогаш со белка од јајце) и посипете ги со сусам.
Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, само 15-тина минути. Оставете ги 5 минути да се подизладат, па послужете ги. Питата можете да ја виткате и во ролнички, на истиот начин, по една кора и фил.
Во филот од рендана тиква можете да додадете и рендани компири или пак комбинација од динстани печурки со кромид или праз, па дури да ја збогатите и со посен кашкавал.
Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ. Еве уште една поинаква пита со тиква:
Само изрендајте ја тиквата! Сите соседи ќе ви го побараат рецептот!