Рецепт и видео прилог на Gala Food – Солен ролат со преубав вкус.
Ролатот се приготвува со состојки кои веќе ги имате во кујната. Многу е мек, вкусен и декоративен. Може да послужи како предјадење и да биде дел од трпезата за секакви свечени пригоди.
Потребни состојки:
4 јајца
2 лажици кисела павлака
2 лажици масло
3 лажици ајвар
4 лажици брашно
½ лажичка прашок за печиво
за фил:
100 мл кисела павлака
50 г тврдо сирење рендано
50 мл мајонез
магдонос по вкус (1 лажица ситно сечкан)
Постапка:
Во подлабок сад изматете 4 јајца со маталка. Додадете две лажици кисела павлака, 2 лажици масло и кратко промешајте. Во мешавината додадете и три лажици ајвар, па соединете. Во влажните состојки додадете 4 лажици брашно и половина лажичка прашок за печиво. Добиената смеса треба да биде изедначена и полутечна по конзистенција.
Излејте ја во помал плех обложен со хартија, рамномерно распоредете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути (проверете со чепкалка). Печената кора ставете ја со крпа заедно со хартијата, па свиткајте ја во ролат. Оставете така да излади.
За фил: Сите состојки измешајте ги во еден сад и соединете ги во еднолична смеса, а потоа нанесете ја преку целата површина на изладената кора. Повторно свиткајте го ролатот и оставете го 2 часа во фрижидер за да се стегне и кората да го впие филот. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: