Овој превкусен ролат се приготвува многу брзо и едноставно, а за негова подготовка се потребни 10 готови кори за еден ролат.
Потребни состојки: 10 тенки кори за пита и гибаница, 200 г сувомеснато по избор, сечена на ленти, 200 г кашкавал рендан, сол по вкус, 4 јајца, 180 мл кисела павлака (1 чаша), 180 мл јогурт (1 чаша), 120-150 мл масло, 100 г ситно сирење. Кората се пече 15-20 минути на 180 степени
Постапка: За намаз на корите: Во еден сад изматете четири јајца со прстофат сол, а потоа додадете, јогурт и масло. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, а плехот од рерна обложете го со хартија за печење. Врз хартијата ставете ја првата кора.
Преку секоја кора нанесете по неколку лажици од намазот и со четка премачкајте ја рамномерно преку целата површина. Постапката повторете ја и со останатите кори. Кога ќе ја ставите последната кора, премачкајте ја со остатокот од намазот.
Вака приготвените кори ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 15-тина минути додека да зарумени одозгора. Печената кора покријте ја 2-3 минути со крпа, а потоа кората ставете ја врз влажна крпа и свиткајте ја во ролат. Оставете целосно да се излади.
За фил: Во еден сад измешајте го сирењето (или кајмак)со една кисела павлака. Смесата посолете ја по вкус.
Врз изладената кора рамномерно распоредете ја смесата од сирење и павлака, па одозгора наредете ленти од сечено сувомеснато и изрендајте кашкавал. Одозгора може да ставите и малку мајонез.
Кората повторно свиткајте ја во ролат и свиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер да се стегне, а потоа сечете го на парчиња. Деталите можете да ги погледнете во видеото: