Одличен и брз рецепт, супер идеја за појадок. Многу едноставно, а вкусно, прсти да излижеш!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
1 чаша јогурт од 200 мл (истата чаша ја користиме и за останатите мерки)
1 чаша масло
2 ½ чаша брашно
1 прашок за печиво
170 г шунка
170 г фета сирење
5 кисели краставички
½ лажичка сол
Малку црн пипер
1 лажичка оригано

ЗА ПОРОСУВАЊЕ:

100 г пармезан

ПОСТАПКА:

Со жица изматете ги јајцата, па додадете го јогуртот и маслото. Кога добро ќе се измати и изедначат состојките, додадете ги зачините (сол, црн пипер, оригано).

Потоа, додадете го брашното во кое претходно сте го промешале прашокот за печиво. На крај додадете го издробеното сирење, на коцки исечената шунка и краставичките.

Кога ќе се добие изедначена смеса, со помош на лажица внимателно префрлете ја во силиконски калап. Рерната треба да биде загреана на 200 степени.

Потоа калапот фатете го за ивиците и малку протресете го и 3-4 пати потчукнете го од подлогата за убаво смесата да се намести и да се пополнат евентуалните празни места.

Се пече околу 45 минути на 200 степени. Печениот куглоф малку изладете го, поросете го со пармезан и послужете.

Coolinarika.com