Аронијата дури неодамна ја стекна својата популарност, а нејзините неверојатни лековити својства се изучуваат во лабораториите ширум светот.

Аронијата расте во форма на грмушка што може да достигне висина од 1,5 до 2,5 м. Ако одлучите да ја одгледувате, треба да знаете дека нема многу работа ова растение, бидејќи може да издржи секакви услови.

Лековити својства на аронијата: спречува кардиоваскуларни заболувања; го регулира кр-вниот притисок; го штити здравјето на уринарниот систем; ја стимулира функцијата на тироидната жлезда; ја подобрува меморијата и концентрацијата; го регулира нивото на шеќер во кр-вта; го зајакнува имунитетот; одлично делува врз дигестивниот систем.

Денес ќе ви откриеме два рецепти за приготвување на сок од аронија.

Сокот од аронија можете да си го купите или да си го направите. Бидејќи се пие во мали количини, цената не би требало да претставува проблем. Сепак, треба да се спомене дека сокот од аронија е нешто поскап од другите сокови.

Матичниот сок од сибирска аронија се продава во продавниците за здрава храна. Овој сок се користи како природен лек, бидејќи аронијата спаѓа во најдобрите антиоксиданси и многу добро го заштитува организмот од штетните слободни радикали.

КАКО СЕ ПРАВИ СОК ОД АРОНИЈА

Ако одлучите сами да си направите сок, нема да згрешите бидејќи постапката е многу едноставна. Кога ќе созрее аронијата најдобро е прво да ја замрзнете, и тоа во пакувања од 1 килограм. Од 1 кг аронија се добива околу 700 мл сок, а некогаш и помалку.

Аронијата добро поднесува ниски температури, па така, замрзнувањето не влијае врз нејзиниот квалитет. Замрзнувањето има уште некои предности: кога се одмрзнува аронијата станува уште посочна, со повеќе сок и помало адстригено својство.

Вака одмрзнатата аронија е добра за правење сок. Сокот е најдобро да се приготвува од целосно одмрзнат плод кој ќе се помине низ машина за мелење месо или преса за цедење, па ќе се процеди – со што ќе се добие матичен сок од аронија, или како што некои го нарекуваат: „ладно цеден сок”.

Нема потреба на сокот да му се додава конзерванс или било што друго. Се пие без шеќер и засладувач. Некој има потреба да го разблажува со вода или да испие чаша вода после сокот и тоа е ок.

Направениот сок е најдобро да се испие истиот ден, односно да се чува 24 часа во фрижидер, па повторно, по потреба да одмрзнете за следната тура.

Сокот од аронија може на сличен начин да се направи и од свежи плодови, па потоа сокот да се замрзне. Но, еднаш одмрзнатата аронија не треба повторно да се замрзнува бидејќи ги губи своите лековити својства.

ДОЗИРАЊЕ И УПОТРЕБА НА СОКОТ ОД АРОНИЈА

Се пие во количина од 1 до 3 ракиени чашки дневно. За здрави лица се препорачува 1 ракиена чашка сок, наутро пред појадок. За болни лица со нарушен имунитет, 1 ракиена чашка пред секој оброк.

Сокот од аронија се пие половина час пред оброк, за да може максимално да се искористат сите корисни состојки од овој феноменален напиток.

Сокот од аронија не треба постојано да се пие во текот на целата година, бидејќи постои и друго овошје кое во сезоната е најдобро. Аронијата е погодна за зимскиот период и рана пролет. Сокот од аронија се чува на темно и ладно место, најдобро во фрижидер.

II Рецепт за сируп од аронија:

Потребни состојки: 2 кг бобинки од аронија, 1 литар вода, 800 гр шеќер, 1 свежо исцеден лимон.

Постапка: Во еден сад ставете шеќер и вода, па ставете го на оган додека да зоврие. Штом зоврие и се формира сируп, додајте 2 кг свежо овошје. Мешајте додека сирупот да започне повторно да врие. Додека го мешате сирупот, притискајте ги бобинките за да можат што повеќе да ослободат од нивниот сок.

Кога ќе се достигне точка на вриење, потребно е да почекате неколку минути, а потоа тргнете го сирупот на страна и оставете го да се излади. Процедете ја содржината и вратете ја на шпоретот да зоврие уште еднаш. Откако ќе зоврие, тргнете го го капакот и додајте свежо исцеден сок од еден лимон.

Промешајте и добиениот сок складирајте го во стаклени шишиња кои претходно сте ги стерилизирале и затворете ги со капачиња. Чувајте ги на темно и ладно место и консумирајте по потреба.Уживајте во овој здрав и вкусен пијалок.

Аронијата може да ги победи вирусите, туморот и да го успори стареењето

Ја нарекуваат и намирница на иднината, бидејќи поседува исклучително лековита моќ за човековиот организам. Аронијата ефикасно го прочистува човековиот организам од штет-ни материи и тешки метали и затоа е корисна превентива против малигните заболувања.

Бројни студии укажуваат на тоа дека аронијата има антиканцерогено дејство, бидејќи во голем процент „ги у бива” малигните клетки на туморот на мозокот, белите дробови, дој-ките, дебелото црево и црниот дроб.

Како исклучителен антиоксиданс, аронијата спречува создавање на слободни радикали и „на-пад” на здравите клетки во телото и кр-вната плазма, успорувајќи го на тој начин стареењето на организмот и спречувајќи развој на хронични болести.

Потенува од Северна Америка, од каде е пренесена во Европа. Северноамериканските доморотци ја користеле аронијата како храна и лек. После екс-пло-зијата во Чернобил, користена е за ублажување на последиците од радијација во што била и повеќе од успешна, а за таа намена се користи и денес.

Со оглед на тоа дека таа е елими-натор на тешки метали од човековиот организам, многумина ја сметаат и како лек од аерозагадувањето, но и од тешките метали кои ги внесуваме преку исхраната. Според ORAC и TEAC стандардите, аронијата има најмногу антиоксидативно делување од сите бобинки и јаткасти плодови.

Аронијата има три врсти на плодови: црноплодна аронија (aronia melanocarpa), црвеноплодна аронија (aronia arbotifulia) и лилавоплодна аронија (aronia prunifolia)

Кај нас може да се пронајде темноцрвената аронија (Aronia arbutifolia), виолетовата аронија (Aronia prunifolia) но и Сибирската црна аронија, претежно во места каде што се одгледува расте во насади.

Што лекува аронијата?

Плодовите на Аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот, спречува појава на катаракта. Аронијата исто така штити од UV зрачење, има способност да на себе ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот.

Вредноста на аронијата:

Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество биофеноли, танин, флавонид, антоцијани. Изворот на витамини е огромен почнувајќи од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е заедно со минералите како калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор. Ваквата содржина е доволен доказ дека зборуваме за вистинска витаминска бом-ба.

Глава – ја подобрува циркулацијата на кр-в во кр-вните садови на главата и помага при главоболка и мигрена.

Ендокрини жлезди – придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го подобрува и го регулира излачувањето на нејзините хормони, затоа е одлична за лекувањето од гушавост.

Кр-в и кр-вни садови – ја чисти кр-вта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот кр-вен притисок, го намалува шеќерот во кр-вта и помага кај воспалени и проширени вени.

Желудник – ги намалува б олките и грчевите во желудникот, особено е добар за сите што стра-даат од чир на желудник.

Црева – освен што ги смирува б олките и грчевите на цревата, одлична е за запирање на проливот.

Панкреас – ја подобрува неговата работа и излачувањето на жолчката. Му помага на панкреасот во неутрализирањето на штетните материи.

Како се употребува

Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем. Се користат и суви, а и замрзнати плодови.

Сокот од овошје на аронија ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично, има благопријатно дејство врз тироидната жлезда, го намалува нивото на холестерол во кр-вта, има диуретичен ефект, а поради високата содржина на витамини аронијата е идеална билка за зголемување на имунитетот.

Напитокот од кората на билката пак го намалува кр-вниот притисок. Исто така, се верува дека билката помага при рак и штити од радијација при работа со компјутери и професии поврзани со зрачење.

Плодот од аронијата може да се употребува како: свежо овошје – права витаминска бом-ба; сушено овошје – во кекси, мусли, во јогурт и слично.; чај од ливчињата; компот; сок од аронија – 100% природен и здрав; мармалад од аронија и вино од аронија.

Најздравите квалитети на аронијата се задржуваат и при изработка на слатко, вино и ликер.

Колку аронија треба да јадете?

Експертите препорачуваат да јадете 3 пати во денот по 5 зрна аронија или пак еднаш на ден по 15 зрна. Препорачана доза за сок од аронија е 30-50 мл, најдобро наутро на празен стомак, но може и во кој било дел од денот.

Малите темни плодови може да се замрзнат, но ако не стигнете да ја консумирате свежа или сакате да ја конзервирате за остатокот од годината, се препорачува сок, дури и мала чаша на ден е доволно за одржување на здравјето.

За лекување на потешки болести се препорачува консумација од 200 до 300 г на ден.

Аронијата е богата со антиоксиданти, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамините Б, Ц и Е. Поради високиот процент на антиоксиданти и витамините Ц и Е, аронијата делува антивирусно, антибактериски и антивоспалително.

Бобинките од аронија се богати со антиоксидантот антоцијанин кој го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од рак и го успорува стареењето.

Аронијата поволно делува врз работата на желудникот. Ја стимулира работата на штитната жлезда, па особено им се препорачува на лица со хипотиреоза. Аронијата спречува појава на кардиоваскуларни болести. Ова овошје го намалува високиот притисок и холестерол и поттикнува производство на добар холестерол.

Аронијата ја стимулира работата на црниот дроб, помага при камења и воспаление на жолчно кесе. Поволно влијае и врз дигестивниот тракт – ги смирува гр-чевите и б олките во цревата, го намалува воспалувањето на слузокожата на цревата и ја сопира дијареата.

Ова овошје можеме да го пронајдеме во многу производи за слабеење, бидејќи помага во одржувањето на идеалната телесна тежина. Истражувањата на руските научници покажуваат дека аронијата овозможува исфрлање на тешките метали како и на некои радиоактивни материи од организмот.