I РЕЦЕПТ – Вака се приготвува месо на селски начин: Месото е толку сочно и меко што се распаѓа и топи во уста
Месото е приготвено со комбинирање на традиционалнен и современ начин. Вкус кој нема да можете да го заборавите. Она што може да се забележи е брзиот начин на подготовка, без долги печења и динстања, со што соковите на месото остануваат заробени во него, па тоа е меко и сочно. Пробајте.
Потребни состојки: 8-10 шницли од свинско каре, 2 главици кромид, по потреба сол, брашно, оригано, црн пипер, малку сончогледово и маслиново масло, 3 лажици бело вино, 1 гранче рузмарин и 1 чешне лук
Постапка: Во голема тава загрејте сончогледово масло. Ставете неизлупено чешне лук и гранче свеж рузмарин. Месото зачинете го со сол и црн пипер. Извалкајте го во брашно и испржете го во врелото масло додека да добие убава златна боја.
Извадете го на кујнска салветка. Кромидот исечете го на полумесечинки и изгмечете го со прстофат сол. Во друга тава ставете филџан маслиново масло. На дното ставете го исечениот кромид, одозгора месото и завршете со преостанатиот кромид.
Прелијте со 2-3 лажици бело вино и уште толку топла вода. Наросете со прстофат оригано или чубрица. Поклопете и динстајте го јадењето околу 15 минути на слаба до умерена температура. Јадењето се сервира топло со салата по желба!
II РЕЦЕПТ – ШНИЦЛИ во сос од кромид – јас подобар и повкусен рецепт не сум пробала. Месото се топи во уста, а сосот е прсти да излижеш!
Потребни состојки: 600 г телешки шницли, 6 главици кромид, 3 чешниња лук, 2 лажици брашно, по вкус сол и црн пипер
Постапка: Шницлите исчукајте го со чекан за месо, па потоа зачинете ги и извалкајте ги во брашно. Истресете го вишокот брашно. Загрејте масло во поширока тава и на умерен оган запржете ги шницлите од двете страни, па вадете ги на чинија.
Кромидот излупете го и крупно исечкајте го на ленти. Во истото масло каде што се пржеа шницлите запржете го и кромидот, но само на кратко (до половина зготвен). Додадете брашно, ситно сечкан лук, па налејте со малку вода и оставете малку на тивко да прокрчка.
Потоа досолете по вкус и додадете зачини, па вратете ги шницлите во сосот и на тивок оган динстајте додека шницлите да омекнат.
III РЕЦЕПТ – унешки шницли, може да ги приготвите на различни начини, но вака излегуваат меки и сочни
Јунешките шницли се јадење кои сите гирмани го сакаат. Може да се приготват на различни начини, но секогаш е потребно малку повеќе време и состојки за да бидат на крај меки и сочни. Испробајте го овој рецепт за царски шницли…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 јунешки шницли, 4-5 главици кромид, 200 г месната сланина, 100 мл масло, 200 мл бело вино, 200 мл вода, сол и црн пипер по вкус, 1 полна лажица густин/нишесте/скроб, по потреба вода. За прилог: 500 г смрзнати компирови њоки или нешто по ваш избор
ПОСТАПКА: Јунешките шницли добро исчукајте ги со чекан преку најлон кеса, или кога ќе ги купувате замолете во месарата да ги поминат низ пресата. Потоа зачинете ги по вкус. Кромидот исчистете го и исечете го на коцкички, меснатата сланина исто така исечете ја на коцки. На малку масло пропржете го кромидот додека да зарумени.
Во посебно длабоко тенџере со средна величина, ставете го остатокот од маслото, па распоредете половина од шницлите на дното. Преку нив наросете половина од кромидот и сланината.
Наредете го остатокот од шницлите и наредете го остатокот од кромидот и сланината. Ставете и ловоров лист одозгора. Измешајте ги виното и водата па прелије ги шницлите. Поклопете и гответе два часа на средна температура со повремено долевање на вода, по потреба.
Пред крај од готвењето еазматете густин во малку ладна вода, па прелијте преку шницлите. Оставете да се довари за да може сафтот да згусне. Пригответе прилог по ваша желба, а кај мене тоа беше јогурт њокички. / Coolinarika.com