Рецепт и видео – подготовка на Том Филос. Највкусниот традиционален сочен колач – раванија. Кралицата на шербетните слатки!
За да го приготвите колачот ќе ви бидат потребни следните состојки: 10 јајца, 10 г ванилин шеќер, 150 г шеќер, 60 мл масло, 10 г прашок за печиво, 150 г брашно. Колачот се приготвува во плех со димензии од 35х28 см. За сируп: 600 г шеќер, 600 мл вода и 60 мл лимонов сок.
Постапка: Пенасто изматете ги јајцата додека да згуснат и побелат. Измешајте 10 г ванилин шеќер и 150 г кристален шеќер, па постепено додадете ги во јајцата и продолжете со матење додека да се растопи. Потоа малку по малку, во тенок млаз додавајте 60 мл масло.
Намалете го миксерот на најмала брзина, па 10 г прашок за печиво измешајте во 150 г брашно и постепено додадете го во смесата. Големиот плех од рерна (35х28 см) намастете го со малку масло и наросете го со брашно (вишокот истресете го). Смесата излејте и рамномерно распоредете ја.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. За шербет: на оган ставете ги шеќерот и водата, па откако ќе зоврие оставете да врие неколку минути и пред крај додадете го лимоновиот сок.
Печениот врел пандишпан исечете го и прелијте го рамномерно со врел шербет. Оставете да излади и да го впие сирупот пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: