Home Рецепти Сочна пита од тиган

Сочна пита од тиган

Потребни состојки:

500 г компир

100 г путер/маргарин

1 јајце

150 г брашно

200 г шунка

200 г кашкавал

Малку сол, црн пипер и малку масло.

Постапка:

Компирот добро измијте го па сварете го. Сварениот компир излупете го, додадете путер, јајце, сол и малку пипер, па направете пире. Додадете брашно и замесете тесто.

Загрејте го тиганот, намастете со малку масло па половина тесто развијте на дното од тиганот. На тестото ставете шунка и кашкавал, па вториот дел од тестото. Печете на рингла три до четири минути, а потоа превртете и печете додека да порумени.

https://www.facebook.com/lericettedignamgnam/videos/1050851464950171/