СОЧНА И ЕДНОСТАВНА САЛАТА КОЈА ПРВА ЈА СНЕМУВА ОД МАСА: рецепт кој сите го фалат за празниците и славите. Толку е вкусна, а многу едноставно се приготвува, што можете кога сакате да ја направите.




Како што се ближат празниците и славите, а на некои, и родендените, оваа салата е идеална за овие веселби. Па дури и оние кои се познати по тоа што не јадат на вакви пригоди, не можат а да не си замезат кога ќе ја видат оваа вкусна салата.




Во продолжение прочитајте го рецептот за пилешката салата и уште неколку рецепти за вашата славска трпеза да биде разновидна и исполнета со салати. Потребни состојки: 20 г мајонез, 180 кисела павлака, 50 г фета сирење, 2 чешниња лук, 2 варени моркови, 3 варени јајца, 160 г пилешки гради, сол, црн пипер..




Постапка: Излупете ги морковите и ставете ги кратко да се сварат додека да омекнат. Јајцата исто ставете ги да се варат во обична вода, а пилешките гради во малку посолена како за супа.

Кога морковите ќе се сварат исечкајте ги ситно, а истото направете го и со јајцата кои може да ги исечкате на коцки. Во подлабок сад ставете го мајонезот, павлаката и фета сирењето. Убаво измешајте до формирање на еднолична смеса.




Ситно исечканите чешниња лук додајте ги во белиот сос, а потоа редете ги морковите, јајцата и на крај ситно исечканите пилешки гради на парчиња. На крај салатата се зачинува по вкус и се префрла во друг сад каде што убаво се измазнува.




Се става во фрижидер да се лади до пред послужување (најмалку 30 минути) и потоа се декорира одозгора со кругови моркови и маслинки, а може на средина да ставите и магдонос или да наросите оригано и копар.




РЕЦЕПТ 2: Една СУСАМ САЛАТА набрзинка за сечиј вкус. Одлична салата која се приготвува за многу брзо време, а притоа е ефектна и вкусна, на сите им се допаѓа. Потребни состојки: 100 г сусам, 250 г шунка, 200 г кашкавал и 400 г кисела павлака.




Постапка: Сусамот пропржете го неколку минути додека да добие златна боја. Шунката и кашкавалот изрендајте ги и ставете ги во подлабок сад. Пропржениот сусам додајте го во садот со шунката и тука додајте ја и киселата павлака.




Сето убаво промешајте го и оставете малку во фрижидер да излади. Оваа лесна салата од сусам е одлична за секое годишно време, за секој дел од денот и за сечиј вкус. РЕЦЕПТ 3: Мајка ми ја прави оваа салата со тестенини, за 10 минути е готова, најмногу ја сакаме!

Потребни состојки: околу 350 г тестенини (најчесто користи спирални), околу 100 г кисели краставички, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 1 мала, најмала конзерва пченка, 1 и ½ кесичка мајонез, 1 чашка кисела павлака, 150 мл павлака за готвење (за тестенини), 100 г кашкавал, 100 г шунка, сол, црн пипер.




Постапка: Тестенините сварете ги, процедете ги и изладете (под млаз студена вода) Краставичките, пиперките, кашкавалот и шунката исечкајте ги поситно (или изрендајте).

Додајте ги сите останати состојки и добро промешајте. Изладете и сервирајте. Тестенините впиваат доста од течноста, па ако е потребно додајте уште малку од течната павлака кога салатата ќе излади и промешајте уште еднаш.