Во последно време сѐ повеќе се применува бананата во подготовка на пандишпани и бисквити, која најчесто се користи како здрава замена за шеќерот. Поради нејзината текстура, пандишпанот кој е подготвен со банана има сочна текстура и посебна арома. Не го пропуштајте овој рецепт за едноставна, но многу сочна торта со банана, која со секој залак се топи во уста.




Тортата се подготвува многу едноставно, од неколку едноставни намирници. Може да ја послужите на правоаголни или коцкасти парчиња, со шолја кафе. Гостите едноставно ја обожаваат оваа торта, која е повкусна од секоја торта во слаткарниците. Проследете го рецептот и запишете си го. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г брашно, 1/2 лажичка прашок за печиво, 1/4 лажичка сода бикарбона, 1/4 лажичка сол, 3 жолчки, 40 г шеќер, 40 мл масло, 30 мл млеко, 100 г банана испасирана, 1 лажичка ванила екстракт. И уште: 3 белки, 50 г шеќер, 1/2 лажиче оцет. За кремот (опција 1): 200 г шлаг, 50 г кондензирано млеко (опционално), прстофат сол. За кремот (опција 2): слатка павлака, прстофат сол. За декорација: неколку банани и течна карамела.




ПОСТАПКА: За да го подготвите пандишпанот во еден подлабок сад испасирајте една поголема банана или две помали. Наша препорака е бананата да биде повеќе созреана за да биде поблага и да има поинтензивна арома. Испасирајте ја бананата како пире без грутчиња и додајте прстофат сол и 40 г шеќер.




Енергично измикјсате во еднолична смеса, додека шеќерот да се растопи. Додајте 1 лажица екстракт од ванила, 40 мл масло и 30 мл млеко, па повторно изедначете со жица/маталка. Од 3 јајца, издвојте 3 жолчки (на собна температура) и изедначете ги во смесата од банана. Просејте го брашното на трипати, со прашокот за печиво и сода бикарбоната.




Вака подготвената смеса оставете ја настрана за уште малку да се соедини, додека ги изматите белките во цврст снег. Во белките додајте го шеќерот и оцетот и сѐ заедно измиксајте додека снегот да биде толку цврст што нема да паѓа од лажицата. Оцетот или сокот од лимон го стабилизира вкрстеното поврзување на протеините во белките така што масата на белката станува поцврста.




Белките додајте ги на два или трипати во смесата од жолчки и лесно соединете со помош на шпатула. Не ја мешајте смесата, туку само превртувајте ја, како да ја диплите. Откога ќе соедините, излејте ја смесата во коцкаст калап со димензии 20х20 или слични големини и рамномерно распоредете. Калапот треба да биде обложен со хартија за печење на дното и да има флексибилен обрач.




Печете на ниска температура во загреана рерна на 160 степени, 30-35 минути, додека пандишпанот да добие златна боја. Потоа, оставете да се олади и превртете го од долната страна која е порамна. За кремот: Изматете го шлагот со кондензираното млеко и прстофат сол во цврст крем.




Доколку не можете да најдете кондензирано млеко, подгответе ја втората опција. Изматете ја слатката павлака во цврст крем со прстофат сол. Премачкајте со помош на готварски шприц и израмнете. Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне неколку часа, па послужете ја и декорирајте ја со 3 кругчиња банани и излеан течен карамел. Деталите погледнете ги ОВДЕ.