Оригиналната баклава е само со ореви, но има и други видови баклави кои едноставно мора да ги пробате, зошто не можете да им одолеете. таква е и оваа со мелена плазма. Има вкус што не може да се опише!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г кори, 300 г мелени бисквити (плазма), 3 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици масло, масло за прскање на корите

ШЕРБЕТ – 1 литар вода, 800 г шеќер, 1 лимон

ПОСТАПКА:

Прво сварете го шербетот: ставете ги водата и шеќерот да провријат, потоа додадете лимон исечен на тркалца и варете уште 5 минути, не треба да биде густо. Изладете.

Изматете ги јајцата со шеќер, додадете масло, па уште малку изматете, па промешајте со мелени бисквити. Смесата ќе биде густа.

Пребројте ги корите и поделете ги, за секој ролат ви требаат три кори (јас имав шест ролат).

Првата кора испрскајте ја со масло, ставете врз неа втора кора, попрскајте ја и неа, па ставете ја третата кора.

Врз третата кора ставете од смесатат со бисквити, надолжно (тешко се размачкува бидејќи е густа, па со прсти ќе си помогнете).

Цврсто свиткајте во ролат и редете во намастен плех. Постапката повторете ја со остатокот од корите.

Ролатите исечете ги со големина по ваша желба, малку премачкајте го секој ролат во плехот и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, додека убаво да зарумени.

Врелата баклава прелијте ја со ладен шербет. Добро изладете и уживајте,
Најдобра е кога добро е изладена, не е многу слатка да ви се слоши, сочна е и брзо се прави.

coolinatika.com