Потребни состојки:

4 јајца

½ шолја шеќер (100 г)

½ шолја млеко (100 мл)

½ шолја масло (100 мл)

1 шолја брашно (130 г)

2/3 шолја мелен рогач (100 г)

2 ванилин шеќер

1 прашок за печиво

3 големи јаболка

За глазура (може, но не мора):

150 г чоколадо за готвење

6 лажици масло

Постапка:

Вклучете ја рерната на 180 степени.

Изматете ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер. Додадете млеко, масло, брашно, прашок за печиво и рогач, па изматете со миксер.

Во смесата изрендајте (обавезно изрендајте а не да сечкате инаку нема да биде така сочен) во 3 јаболка. Промешајте ја смесата со лажица и излејте во тепсија 20х30 см.

Јас имам тепсија која не лепи па не ја мачкам со ништо, во спротивно би ставила хартија за печење. Се пече 30 минути на 180 степени.

Врз изладениот колач може да се стави глазура: на пареа се топи 150 г чоколадо со 6 лажици масло. Кога малку ќе излади се прелива преку колачот.

coolinarika.com