Сочен и вкусен колач, а рецептот е навистина едноставен, можете да го приготвите брзо и без многу мака, одличен за сите пригоди и за сите вкусоби!
Потребни состојки:
4 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици масло
10 лажици млеко
1 прашок за печиво
10 лажици мелени лешници
10 лажици брашно
за прелив:
400 г шеќер
300 мл вода
Постапка:
Жолчките и шеќерот пенасто изматете ги со миксер, а потоа додадете масло и млеко.
Промешајте брашно, прашок за печиво и мелени лешници, па додадете ги во смесата.
Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег, а потоа лесно со лажица ставајте постепено во претходно приготвената смеса од жолчки.
На крај смесата испечете ја во плех со средна величона обложена со хартија или намастен и набрашнет, на 220 степени, околу 20 минути, или според вашата рерна.
За прелив: 400 г шеќер и 300 мл вода ставете да зоврие околу 10 минути од моментот на зовривање. Колачот прелијте го со изладениот сируп, а на крај уште наросете со сечкани лешници.