Рецептите за колачи испечени во калап за куглоф секогаш се добредојдени. Ги има со различни вкусови и различни состојки, но она што е заедничко за повеќето од нив, е тоа што многу лесно и брзо се приготвуваат. Овој рецепт е меѓу најјбризте и најевтините, а резултатот е сочен чоколаден колач кој се топи во уста.
Направете го, нема да се покаете, а потоа и многу често ќе го приготвувате. За неговата подготовка нема да потрошите повеќе од 10 минути. После печењето потребно е да го прелиете со вкусен чоколаден прелив кој многу брзо се впива, за 15-тина минути. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за бисквит): 5 јајца, 1,5 чаша шеќер (270 г), 1 кесичка ванилин шеќер (8-10 г), 1 чаша масло за готвење (200 мл), 1 чаша цврст јогурт или кисела павлака (220 г), 3 супени лажици какао во прав (45 г), 2 чаши брашно (250 г), 1 кесичка прашок за печиво (16 г), 1 прстофат сол (2 г)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за прелив): 1,5 чаша млеко (300 мл), 4 супени лажици шеќер (60 г), 4 супени лажици масло за готвење (50 мл), 2 супени лажици какао (30 г), 100 г чоколадо. За прелевање на кугловот: 100 г растопено чоколадо
ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата заедно со шеќерот и ванилата. Матете со миксерот додека јајцата да се згуснат и побелат, а шеќерот да се растопи. Потоа додајте една чаша растително масло и една чаша цврст („грчки“) јогурт или кисела павлака. Измешајте со жица-маталка за да се изедначат состојките.
Во смесата додајте 3 супени лажици какао во прав, па промешајте додека да се изедначи и да нема грутчиња. Во посебен сад измешајте ги сите останати суви состојки: брашното, прашокот за печиво и прстофат сол. Сувите состојки започнете постепено да ги додавате во течните. мешајте со маталката за да не се направат грутчиња.
Калапот за куглоф добро намастете го со путер, на дното и страните. Излејте ја изедначената смеса, протресете го калапот и неколкупати потчукнете го од подлогата за да излезат евентуалните меурчиња. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175-180 степени околу 50-55 минути.
Кога колачот ќе биде печен проверете со стапче за ражнич (стапчето треба да излезе суво). Направете повеќе дупчиња за да може поубаво да го впие чоколадниот прелив и со помош на нож одлепете го од ѕидовите на калапот. За прелив: Во едно тенцере ставете ги сите потребни состојки и загревајте на умерен оган додека да се растопи чоколадото (млекото не смее да зоврие).
Кога чоколадниот прелив е подготвен, внимателно со кутлача залијте го печениот колач и оставете го 15 минути за да го апcopбира. Потоа превртете го врз чинија, а одозгора прелијте го со растопено чоколадо. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.